29 Март, 2024
0.0306

Комитите со жив штит ќе го бранеле Самсоненко од злото кое го опкружувало

Објавено во: Македонија 12 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Навивачката група „Комити“ му даде поддршка на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко кој најави дека следната сезона целосно ќе го повлече спонзорството од трите клубови на Вардар, машката и женската екипа во ракомет, како и македонскиот најтрофеен фудбалски клуб. Според нив Самсоненко е заслужен за сите досегашни успеси, тој се вложил со цело срце и ја има нивната почит, па затоа му даваат целосна поддршка.

„Почитуван господине Самсоненко, Вие влеговте во Црвено-Црното семејство во вистинска смисла на зборот, влеговте со душа и со целото свое срце, и ние токму така и ве прифативме, со душа и срце…Ни приредивте толку голема радост, и овозможивте да се чувствуваме горди што сме припадници на овој клуб, што во нашите вени тече крв во боите на клубот со свето име. Ние не сме знаеле да прифатиме никого во ова наше семејство предходно на начинот на кој ве прифативме вас. Вие станавте синоним за овој клуб многу повеќе од било кој пред вас, вие како сопственик на клубот станавте икона негова, идол на новите генерации, вие, и покрај вас направивте да има уште десетици нови идоли. Па не сме ние толку наивни за да ве испуштиме од раце, сега кога се случуваат најголемите успеси на клубот, сега кога ја разбудивте нацијата и и покажавте дека се е можно, дека треба да верувамево себе… Покажавте дека во ова парче земја има луѓе кои имаат шампионски дух, способни да победуваат имиња кои предходно ни делуваа непобедливи…Вие сте дел од нас, и повеќе од тоа, вие сте голем Македонец на кого му тече Комитска крв. Како што со жив штит сме спремни да ја браниме и ќе ја одбраниме Јужната трибина по секоја цена, со жив штит сме спремни да ве одбраниме и вас од она зло кое ве опкружува и ви ја одзема енергијата која од вас зрачи“, велат претставници на Комитите. 

Сепак, навивачката група која деновиве крена паника поради доделувањето на јужната трибина на гостинските навивачи на Фенербахче која душата на Вардар смета дека раководството донело погрешна одлука.

„Како секој вистински професионалец и сопственик си одредивте менаџерска структура во клубот и на истата и дадовте доверба да ја води работата, тоа е вистинскиот начин за работа кој е предодреден за успех…но…ете има и исклучоци, и од се срце во името на сите навивачи на клубот би сакале да ви укажеме дека ова раководство на Фудбалскиот клуб не го води клубот во вистинскиот правец…Ова раководство не знае да ги цени вистинските вредности на клубот, не знае да ја цени традицијата и историјата на клубот, и на крај ова раоводство не знае да ве цени ниту вас како сопственик…Создаде зла крв таму каде предходно никогаш ја немаше, не оддалечи од клубот кој ни е најблиску до нашите срца… Но доколку вие сметате дека ова раководство е токму она кое е најдоброто и го заслужува нашиот и ваш Вардар и покрај тоа што огромното мнозинство навивачи, Вардарци и спортска јавност не мисли така, тогаш во ред, не се мешаме во неговото работење, како што не се мешавме ниту досега. Но ние сме должни да реагираме за да бидеме корекција на оваа и секоја предходна и наредна Управа, да им укажеме на нивните грешки за да се корегираат, и такви ќе продолжиме да бидеме, затоа што Вардар е нашето семејство, а семејството ги решава сите отворени прашања дома очи во очи“, стои во соопштението на навивачката група Комити.

Одлуката на Самсоненко доаѓа како мало изненадување бидејќи тој не наведе кој точно го навредувал, секако тука е големото незадоволство кај навивачите поради поставувањето на астрономски цени на билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче од плејофот за Лига Европа за кој тогаш Комитите најавија дека ќе го бојкотираат и ќе и се спротистават на управата за да ја одбранат јужната трибина. Потоа Самсоненко реши цените на билетите да ги врати на 300 денари. 

Сепак, ова е мал судир со навивачите кој не е прв бидејќи изминатите години имаше многу нервоза и недоразбирања за натпреварите на ракометарите на Вардар, како и за фудбалскиот клуб Вардар кој има премногу слаба посетеност. Самсоненко изгради хотел, спортска сала, игралиште, спортска академија, па дури и црква. 

Станува збор за голем број на бизнис вложувања кои е нелогично да се прекинат одеднаш. Инаку Самсоненко сега е спонзор и на ЦСКА Москва, како и менаџер на руската ракометна репрезентација. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење