29 Март, 2024
0.0274

Компаниите побараа нови 15 милиони евра од кредитот на ЕИБ

Објавено во: Финансии 19 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Со нови 43 проекти,  македонските компании конкурираат за кредитот тежок 100 милиони евра во Европската инвестициска банка.  Вкупниот износот кој го побаруваат е 15 милиони евра, а барањата се во тек на одобрување. Досега од вкупниот износ се искористени 22,3 милиони евра, за  101 проект.  Фирмите ги добиваат средствата по камата од 5,5 проценти, со рок на отплата од осум години и грејс период од две години кога станува збор за инвестиција, односно три години рок на отплата за обртни средства. Седумдесет проценти од кредитната линија е за малото стопанство, а 30 проценти за големите компании. Средствата се пласираат преку Македонската банка за поддршка на развојот, а фирмите барањата ги поднесуваат кај девет деловни банки. Средствата од оваа кредитна линија обезбедена од Владата, за компаниите се достапни од јули годинава. Според пресметките на Министерството за финансии со новите проекти треба да се овозможи отворање на 480 нови работни места.  

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап