Компанија исплатила екстремно високи плати
Објавено во: Финансии 18 Април, 2017
„Tencent“ е една од најголемите интернет компании со потекло од Кина, која исплаќа многу високи плати на своите вработени.
Компанијата која ги поседува најмногу користените апликации во земјата, на свој вработен му исплати 40 милиони долари плата и дополнителен бонус во 2016 година. Тоа е повисока сума од највисоката плата исплатена на една индивидуа во 2015 година.
За да се сфати за колкава сума всушност се работи, може да се направи споредба со најплатениот извршен директор во „Apple“, со заработка од 22.9 милиони долари во 2016 година.
Тројца други вработени во фирмата заработиле 29.7 милиони и 33.8 милиони долари во 2016 година.
Компанијата ужива голема популарност во Кина, особено бидејќи создава друштвени апликации и платформи, па има 889 милиони активни корисници.