20 Април, 2024
0.0272

Компанија на неделата „Алкалоид АД Скопје“

Објавено во: Анализа 09 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котирано акционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

alkaloid malaОваа недела ви ја претставуваме фарамацевтската компанија Алкалоид АД Скопје.

Алкалоид АД Скопје е акционерско друштво кое работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и производство на козметички и хемиски производи. Компанијата нуди неколку илјади различни фармацевтски, хемиски, козметички  и прехрамбени продукти и е исто така активно инволвирана во пронаоѓање и воведување на нови производи. Подружниците на Алкалоид АД Скопје се лоцирани во Русија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија.

Управувањето со Алкалоид АД Скопје е организирано според двостепен систем (управен одбор и надзорен одбор).

Претседател на управниот одбор и генерален директор е Живко Мукаетов, а претседател на надзорниот одбор е Миодраг Мицајков.

Интервју со Виктор Стојчевски, финансиски директор на компанијата „Алкалоид“

Viktor Stojchevski (2)

Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?

- Досега работењето во тековната 2015 година, накратко кажано, може да се оцени како успешно. Тоа е во рамките на нашите очекувања и планови во сите сегменти. Очекуваме годината да ја завршиме со солиден раст од околу 5 до 6 отсто на консолидираните продажби и на добивката по оданочувањето. Има доста позитивни аспекти на работењето во 2015 година, а секако, вреден за обележување е растот на продажбите на скоро сите пазари на коишто сме присутни, од кои најзабележителен е растот на пазарот во САД, каде што сме присутни со нашата билна програма. Исто така, компанијата го продолжува континуираниот инвестициски циклус, а нашата најзначајна инвестиција за оваа година е изградбата и опремувањето на новиот Центар за квалитет. Притоа, успеваме да го одржиме стабилниот финансиски профил на компанијата, кој ни дава сигурност, а воедно и можност за флексибилност и за брз одговор на предизвиците. А предизвици има постојано, секако, еден од најзначајните епреструктурирањето во глобалната економија, кои со себе носат зголемени ризици и неизвесности во разни сегменти од работењето, девалвации на одредени национални валути, разни административни мерки и слично.

Вашето друштво историски е меѓу првите што котираше на Берзата и едно од ретките што тоа го направи на доброволна основа уште во 2002 година. Како го оценувате вашето котирање на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сè уште неискористените потенцијали?

„Алкалоид“ традиционално покажува подготвеност за нови предизвици и промени во сите сегменти од работењето. Гледано од тој аспект, сега и во далечната 2002 година не постоело двоумење која е вистинската насока за развој на компанијата. Одлуката за котирање на берзата била во согласност со долгорочната стратегија за развој на „Алкалоид“, како и со тогаш актуелниот проект „Пробив на светскиот пазар“ и неа ја оценуваме како позитивна, апсолутно корисна и правовремена за развојот на компанијата. Котирањето значеше воведување највисоки стандарди на управување, како и нивно постојано усовршување и ни помогна да работиме во услови на максимална транспарентност, да инвестираме во најсовремени технологии, како и во човечкиот потенцијал и воопшто во заедницата. Тоа претставуваше и патоказ кон зајакнување на принципите на корпоративното управување во компанијата, кон подобрување на нашата општествено-одговорна улога, а сето тоа, секако, придонесуваше за повисока репутација и за поголема вредност на средствата на компанијата. Информациите за компанијата станаа подостапни како за домашната, така и за меѓународната јавност и инвеститори. Токму таа интернационализација очекуваме да се подобри и преку проектот за регионалното поврзување на неколку берзи од опкружувањето. Секако дека потенцијали постојат и во можноста за полесен пристап до капитал преку пазарот за хартии од вредност, пониска цена на капиталот и преку обезбедување дополнителни средства од нови емисии на хартии од вредност и слично.

info za akcii i berzansko trguvanje alkaloid

finansiski podatoci alkaloid

finansiski pokazateli alkaloid

finansiski alkaloid

dvizenje na cenata vo 2015 alkaloid

komparativen pregled na regionalni kotirani drustva vo dejnosta na farmacijata-alkaloid-novo

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!