29 Март, 2024
0.0252

Компанија на неделата „Гранит АД Скопје“

Објавено во: Анализа 24 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котирано акционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви го претставуваме Гранит АД Скопје.

granit vo tekstГД Гранит АД Скопје е основана како компанија за градење на патишта за потребите на С.Р.Македонија во 1952 година. Од претпријатие во општествена сопственост, во 1996 се трансформира како Акционерско друштво. Од формирањето до денес Гранит успешно ги надминува промените во различните форми на државно уредување и е најголемиот македонски градежен изведувач, кој е препознатлив и надвор од Република Македонија.

Денес, Гранит е модерна градежна компанија, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта.

Во досегашното 60 годишно постоење, компанијата Гранит, учествувала во изградбата на значајни капитални објекти од нискоградба (автопати, патишта, аеродроми), вискоградба (административни и државни објекти, станбени објекти) и хидроградба (брани, малихидроцентрали) како на домашните така и на странските пазари.

Најголемиот бренд на Гранит се објектите кои ги градат. Нивнииот слоган е “Секоја тула сонува да биде гранит”.

Она на што посебно се горди, е што името и брендот Гранит се добро познати во интернационални рамки.

Бројот на вработени во 2015 изнесува 1820 вработени.

Управувањето на Друштвото е организирано преку двостепен систем на управување преку Управен одбор и Надзорен одбор. Друштвото делува и ги извршува преземените работи преку организациони едници и сектори кои функционираат како единка во рамките на Друштвото. За потребите на странските проекти Друштвото формира подружници и Друштва  преку кои ги изведува работите во странските пазари.

Надзорен одбор: Никола Кацарски - Претседател на Надзорен одбор, Ивана Милковска Симева, Ристо Иванџиков, Христо Лазевски. Управен одбор: Страшо Милковски - Претседател на Управен одбор, Зоран Милковски - Генерален директор, Андреа Серафимовски, Виолета Божиновска, Венко Зафиров.

Компанијата имплементирала Интегриран Систем за Управување, согласно барањата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001, стандардот за заштита на животната средина ISO 14001, како и безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001.

Во Јули 2015 година, во Сараево, Престседателот на Управниот Одбор на Гранит, ја доби наградата за најменаџер на Југоисточна и средна Европа во областа на градежништвото, а Гранит беше прогласена за најкомпанија, што секако е доказ за препознатливоста на брендот и имиџот на Гранит надвор од Република Македонија.

Интервју со Ристо Иванџиков, Директор на Сектор за финансии на Гранит АД Скопје“

Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?

risto ivandzikov-Директор на Сектор за финансииТековната 2015 година ја цениме како доста успешна за Гранит. Гранит во 2015, беше активен во изградба на модерни автопатишта, како во Републиката, така и во интернационални рамки.

Согласно условите на градежниот пазар и условите на стопанисување за 2015 година, менаџметот на Гранит е задоволен од постигнатите резултати.

Главната карактеристика за 2015 година е успешна и ефикасна реализација на преземените градежни работи како на домашниот така и на меѓународниот пазар.

Во таа смисла Гранит во 2015 беше фокусиран успешно да ја оствари целта за ефикасно вршење на градежните работи при постојани вложувања. Таквата политика го постави Гранит како пример за воведување и примена на нови технологии за производство, употреба на современа механизација и транспортни средства во изведбата на Проектите.

Сето тоа резултираше со остварување на позитивни финансиски резултати кои за првите девет месеци бележат зголемување на оперативниот приход за 2015 за 8% од претходната година и добивка од 182,3 милиони денари.

Менаџментот на Гранит, води посебна сметка за инвестирање во современи производствени капацитети, технологии и механизација. Како податок, просечните инвестиции во основни средства во изминатите 6 години изнесуваат над 6 мил. евра на годишно ниво.

Исто така, Гранит постојано инвестира во човечки ресурси, на начин што вработените на Гранит се испраќаат на посебни обуки, конференции и работилници во повеќе земји кои се лидери во светот на градежништвото.

Комбинацијата од над 60 годишно искуство во градежништвото во склоп со модерните технологии на изградба и искуството од земјите лидери во изградбата на најсовремени објекти, секако многу зборува за нашите инвестиции.

Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

Самата котација на берзата подразбира транспарентост, редовно објавување на извештаи за финансиско работење и ценовно чуствителни информации. Тоа од друга страна му овозможи на Гранит добра деловна соработка со банки, инвеститори и учество на тендерски постапки како на домашен така и на интернационален пазар.

Котирањето на берзата за компаниите преставуваат предзнак за високопрофесионална транспарентна компанија која ги следи и почитува утврдените правилата на управување како највисок стандард за обезбедување на успешно реализирање на Проекти и менаџирање со работата на Друштвото.

На тој начин Гранит се афирмира во светски рамки како успешна градежна компанија со високи стандарди на управување и менаџирање и обезбедување на постојани можности за подобрување.

Поканите за учество на интернационални тендери финансирани од реномирани интернационални банки, за изведба на градби со комплексни градежни потфати е само потврда за она што се стреми Гранит да го одржи и дополнително да го развие во иднина.

informacii za akcii i berzansko trguvanje ad granit

podatoci i pokazateli ad granit

podatoci ad granit

dvizenje na cenata 2015 granit ad

minimalna maksimalna cena granit

komparativen pregled ad granit

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот