25 Април, 2024
0.0322

Компанија на неделата „Комерцијална банка АД Скопје“

Објавено во: Анализа 16 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котираноакционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви ја претставуваме Комерцијална банка АД Скопје.

Комерцијална Банка АД Скопје е банка која нуди универзални банкарски услуги. Банката има мрежа од седум филијали, 42 експозитури низ Републиката, најголема трговска и втора по големина мрежа на банкомати со цврста позиција во делот на работење со картички. Банката има добра позиција на пазарот со значајно учество на пазарот од 20-50%, зависно од територијата на делување. Таа обезбедува широка палета на услуги за физички и правни лица, во кои спаѓаат универзалните банкарски работи, како работење со хартии од вредност, осигурителни полиси, трансфер на пари преку WesternUnion, старателско работење и друго. Банката е присутна и во електронското банкарство нудејќи електронски плаќања во домашниот платен промет и развивање на електронското банкарство во платниот промет со странство. Седиштето на Банката е во Скопје, Македонија.komercijalna banka 1

Управен одбор:Хари Костов – Претседател и Главен извршен директор,Илија Илоски – Главен оперативен директор, Маја Стевкова Штериева - Главен финансов директор

Надзорен одбор:Сава Димитрова, Д-р Таки Фити, АлександруТанасе, МарготЏекобс, ЗвонеТалјат, Симон Наумоски, независен член, Алеко Ангеловски, независен член

Интервју со Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор на Комерцијална банка АД Скопје“

Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?

Оваа година е само уште една година на консолидација на кредитното портфолио како една од главните посредни цели, континуирано воведување на нови посовремени  производи и вонредни напори за задржување на пазарната позиција на банката, како една од водечките банки во Македонија.maja stevkova sterieva Сепак, главна цел на банката останува заложбата за враќање во зоната на висока      профитабилност. Ако во првите девет месеци од минатата година Банката  оствари негативен финансиски резултат во износ од 183,7 милиони денари, во истиот период од 2015 година е остварен позитивен финансиски резултат во износ од 316,7 милиони денари. Тоа е значајно подобрување на работењето во услови кога банката, како пазарен лидер во работењето со бизнис секторот во Република Македонија, се судира со два сериозни предизвици. Прво, бизнис секторот во земјата е сеуште нецелосно закрепнат од негативните последици во периодот по глобалната финансиска криза, што сеуште неповолно се одразува врз квалитетот на кредитното портфолио кај правните лица. Второ, Банката ги амортизира ефектите врз билансот на успех од промените во регулативата на НБРМ што се однесуваат на третманот на преземениот имот. Комерцијална банка во изминатиот период максимално е фокусирана кон детектирање и реализација на пласмани со прифатлив ризик, при што ако тоа не може да го реализира во стопанството, тогаш го реализира преку кредитирање на населението. Купувањето на хартии од вредност издадени од државата е исто така алтернатива, но тоа произлегува од актуелните услови на пазарот, а не е цел сама по себе. Во овој контекст, особено би сакале да потенцираме дека заклучно со 30.09.2015 банката оствари раст на кредитирањето на населението од 18% и го продолжи промотивниот период за станбените кредити.

Како впечатливо позитивна карактеристика во работењето на Комерцијална банка во 2015 година би го истакнала подобрувањето на оперативната профитабилност на банката. Во првите девет месеци од 2015 година Банката оствари добивка пред исправка на вредност, која е показател за способноста да ги покрива расходите од работењето, повисока за 29% во однос на минатата година.

Негативна карактеристика за првите девет месеци од 2015 година е тоа што заздравувањето на бизнис секторот во земјата сеуште не се одвива со темпото што сите го посакуваме.  Не е спорно дека Македонија бележи многу солидни стапки на раст, кои се над стапките на раст во регионот и пошироко, но тој раст има специфични структурни карактеристики коишто од аспект на крединиот ризик не ја поддржуваат тезата за прудентно кредитирање.

Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

Комерцијална банка АД Скопје во моментот е единствена компанија во Република Македонија којашто котира на подсегментотСуперкотација. Тоа е јасен сигнал за нашата определба да бидеме препознаени како компанија којашто сака да биде атрактивна за сите типови портфолио инвеститори.  Ваквиот тип на котација подразбира уште поголема транспарентност, регулирано и редовно објавување на извештаите за финансиското работење, активностите и плановите на Банката, целосно објавување на материјалите и одлуките од акционерските собранија, поседување на сопствена модерна веб-страница ажурирана со сите најнови информации, паралелно изготвување на сите објави, извештаи и податоци на македонски и англиски јазик и проактивен пристап кон проблематиката на односи со постојните и потенцијалните инвеститори.

Сето ова носи многубројни придобивки најмногу преку зголемување на довербата кај инвеститорите, кои можат да бидат сигурни дека ги имаат на располагање сите потребни информации за вреднување на акцијата на Банката согласно нивните критериуми, што од друга страна е наградено преку висока ликвидност на акцијата на Банката, стабилноста на обемот на тргување и зголемување на имиџот на компанијата.

Можноста за нови емисии на хартии од вредност како начин за зголемување на капиталот и финансирање на работењето е дефинитивно неискористен потенцијал на пазарот на капитал што стои на располагање за сите компании. Комерцијална банка АД Скопје е една од ретките компании на пазарот којашто веќе спроведе успешна емисија на акции во вредност од приближно 15 милиони евра во 2011 година. Тоабеше забележано и од странските инвеститори и со тоа се постави пример дека пазарот на капитал, освен секундарно тргување, нуди и многу повеќе, вклучителнои меѓународна промоција на компанијата.

informacii za akcii i berzansko trguvanje komercijalna banka

finansiski podatoci komercijalna banka

finansiski pokazateli komercijalna banka

dvizenje na cenata vo 2015 komercijalna banka

komparativen pregled na regionalni kotiran drustva vo dejnosta na bankarstvoto-komercijalna banka