18 Април, 2024
0.0252

Компанија на неделата МакедонијатуристАД Скопје

Објавено во: Анализа 14 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котираноакционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви ја претставуваме МакедонијатуристАД Скопје.makedonija-turist

ХУАД Македонијатурист е друштво која работи во дејноста со хотели и ресторани како и во туристичката дејност. Компанијата работи со седум хотели: Холидеј Ин, Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош, Хотел Јадран, Хотел Бристол, Хотел Белви, Хотел Водно; два ресторани: Пивница и Македонија, и Пабот Лондон. Компанијата исто така е основач и на МТ - Њујорк ДООЕЛ – Скопје, компанија за промоција и финансиска поддршка на Њујорк Универзитетот Скопје, како и на високообразовната установа Њујорк Универзитет во Скопје за Американски и Европски Студии. Компанијата е со седиште во Скопје, Македонија.

Управен одбор: Доне Таневски- Претседател, Мирјана Таневска – Член, Соња Бибановска – Член.

Надзорен одбор: Д-р Тито Беличанец, Д-р Ванчо Узунов, Глигор Копров,Васил Поповски,М-р Верица Хаџивасилева Марковска.

Интервју со Македонијатурист АД Скопје

Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?

“Македонијатурист“ АД Скопје во изминатиот период го докажа своето успешно работење преку постигнување на значителни позитивни финансиски резултати и постигнување на висок степен на задоволство кај своите клиенти што резултира со нивна лојалност и доверба преку континуирана долгорочна соработка.

Друштвото, земајќи ги во предвид тешките услови за работење предизвикани од нелојалната конкуренција на пазарот, за постигнување на што поголеми и континуирани резултатисе фокусира на следење на состојбите на пазарот, брзо,точно, навремено и професионално одговарање на барањата на клиентите, предлагање на нови начини за промоција на одредени услуги, зајакнување на позицијата на Друштвото во однос на конкуренцијата, зајакнување на бизнис врската со постоечки клиенти на Друштвото, како и стекнување на нови клиенти, следење на нови трендови во хотелското и ресторанското работење, работење според законските регулативи и прописи за хотелско и ресторанско раборење, обезбедување на економично, рентабилно и продуктивно работење на ниво на Друштвото со постојана грижа за зголемување и одржување на вредноста на капиталот на Друштвото и развој и унапредување на човечките ресурси.

Работењето во тековната 2015 година, може да се оцени како успешно. Со работењето Друштвото во деветте  месеци од  2015 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 114 мил. денари која е за 4%   помала во однос на истиот период од претходната 2014 година или нето добивка 102,42 мил. денари која е за 13% помала од истиот период во минатата година, како резултат на бавното заздравување на економијата на земјата од глобалната економска состојба на ограничени услови на работење на економиите во земјите од ЕУ кое секако има последици по севкупното работење и во  нашата економија.

Со оглед на фактот дека  Друштвото работеше во услови на нелојална конкуренција на пазарот и под влијание од глобалната економска состојба на ограничени услови на работење на економиите во земјите од ЕУ и новонастанатите случувања во регионот, кое секако има последици по севкупното работење и во  нашата економијата, а кое се одрази и врз остварените финансиски резултати од работењето на Друштвото во деветте месеци од тековната 2015 година.

Имајќи го во предвид напред изнесеното остварените резултати се задоволителнии што е во рамките на нашите очекувања и планови во сите сегменти, очекуваме годината да ја завршиме со позитивен резултат односно со добивката по оданочувањето.

“Македонијатурист“ АД Скопје со своите хотелски и ресторански капацитети, своите идни инвестициони активности во континуитет ја насочува кон реновирање и модернизација на постојните објекти, за веќе комплетно реновираните објекти, инвестиционите вложувања, во помал обем ќе се насочуваат претежно кон подобрување на условите за работа, спроведување на нови законски регулативи и задолжително спроведување на нови стандарди за брендираните хотели и тековно одржување.

Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

Политиката на раководството на Друштвото е да одржи стабилност на капиталот на Друштвото за да ги одржи довербата на добавувачите и пазарот и да го поддржи идниот развој на бизнисот, со крајна цел да обезбеди приход на акционерите и бенефиции за други заинтересирани страни.

Македонијатурист“ АД котирањето на берзата го оценува како доста позитивно.Тоа придонесуваше за поголем пристап на информациите за работењето на Друштвото и  транспарентност како до јавноста така и до идните инвеститори како од земјата така и од странство. Овој пристап до информации кои се објавуваат на берзата, ни помагаше во донесувањето на нашите одлуки при намерите за  инвестирањата на Друштвото во хартии од вредност во други правни лица.

Котирањето на безата допринесува  исто така во зајакнувањето на принципите за управување, подобрување на улогата на Друштвото во општеството, а пред се во рамките на дејноста која ја обавува со цел зголемување на вредноста на средствата и капиталот.

Неискористени потенцијали секако има, а тие сметаме дека можат да се насочат кон подобрување на ликвидноста на акциите на Друштвото кои котираат на Македонската берза.

makedonija turist1

finansiski makedonijaturist

finansiski pokazateli makedonijaturist

podatoci makedonijaturist

Минимална цена  3.150Максимална цена 3.900Последна цена 3.700 Ценовна промена во тековната година(YTD)-5,13 Годишна ценовна промена (YTY)-1,80% Состојба 11.12.2015 komparativen makedonijaturist

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза