24 Април, 2024
0.0269

Компанија на неделата Македонски Телеком АД Скопје

Објавено во: Анализа 30 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котираноакционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви го makedonski telekomпретставуваме Македонски Телеком АД Скопје.

Како водечки национален давател на електронски комуникации, Македонски Телеком АД – Скопје им нуди на своите корисници широк спектар на високо квалитетни телекомуникациски услуги и забавни содржини во рамки на фиксната мрежа, широкопојасните услуги и интегрираните решенија, вклучувајќи и ТВ преку Интернет протокол (IPTV). Портфолиото на производи на компанијата вклучува услуги базирани на интернет протокол, пренос на податоци, продажба и изнајмување на опрема и услуги за системска интеграција. Со обезбедување на иновативни услуги со висок квалитет и ефикасност на сите полиња на работење, компанијата има клучно место и улога во модернизацијата и подобрувањето на телекомуникацискиот пазар во Република Македонија. Со развој на иновативни производи и услуги, компанијата го промовира личното и општественото вмрежување помеѓу луѓето во македонското општество, што ја прави главен национален инженер на информатичкото општество во земјата.

Одбор на директори: Панче Кралев – Претседател, Андреас Маиерхофер - Главен извршен директор, Жарко Луковски - Главен оперативен директор, Назим Буши, Горан Ивановски, Роберт Патаки, Јанош Сабо, Михај Немет,Сузане Крогман, Миклош Васили, Тамаш Вагани, Манојил Јаковлески, Александар Стојков, Панче Кралев, Небојшка Стојковиќ, Мелинда Модок, Петер Жом.

Интервју со Македонски Телеком АД Скопје

  1. Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење?

Годинава ќе биде запаметена како година на окрупнување и репозиционирање на играчите на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Македонски Телеком и Т-Мобиле станаа една компанија, по што следеше спојувањето на ВИП и Оне. Со оглед на моменталните трендови во телеком индустријата спојувањата на компаниите се неизбежни, за да се одржи квалитетот на услугите и да се продолжи со големи инвестиции. Сепак, Македонски Телеком ги задржа водечките позиции на пазарот на фиксните говорни услуги,  широкопојасен интернет и телевизија. Во мобилниот сегмент имаме стабилна база на корисници и значајно зголемување на пенетрацијата на паметни телефони и користењето на мобилен интернет. Како еден бренд ќе продолжиме во таа насока.

  1. Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата?

И покрај силното пазарно опкружување Македонски Телеком ја задржа лидерската позиција во првото полугодие на 2015 година. Очекувано и оваа година се намалуваат приходите од говорните услуги,  а  продолжува трендот на пораст на приходите во интернет и IPTV сегментот.  И покрај негативните трендови го стабилизиравме намалувањето на приходите од продажба под 6% во однос на претходниот период. За споредба ова намалување минатата година изнесуваше 13% во првата половина на 2014 и 11% на крајот од 2014 година. EBITDA маргината се движи околу 40% што претставува високо позициониран параметар во рамки на индустријата.

  1. Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во 2015 година станаа една компанија и еден силен, модерен бренд што ќе овозможи поголема ефикасност во работењето и подобрување на корисничкото искуство. Сето ова ќе ни овозможи уште повеќе  да им се посветиме на корисниците и да понудиме целосна комуникација од едно место.

Во оваа насока, ја воведовме Magenta 1,нов концепт на портфолио на производи кој за прв пат беше воведен во Германија и којшто претставува интегрирана понуда на услуги од фиксната и мобилната телефонија. Стратегијата на Дојче Телеком е овој концепт да биде воведен и на други пазари во Европа каде што е присутен . Magenta 1 не е само обична понуда, туку сосема нов концепт кој им нуди можност на корисниците да изберат мобилна и фиксна телефонија, интернет и ТВ согласно своите потреби, по мошне конкурентни цени.Magenta1 секако би ја издвоиле како позитивна карактеристика за тековната година на нашето работење.

Турбулентните пазарни услови пак од друга страна бараат преструктуирања и постојано унапредување на работењето за да компанијата ја задржи својата конкурентска позиција на пазарот и остане солидна како од финансиска гледна точка така и од гледна точка на корисничко искуство. Претходното е дефинитивно повеќе предизвик со оглед на тоа дека претставува составен дел од современото управување со една успешните компанија како нашата чија цел е технолошко лидерство и супериорно корисничко искуство.

  1. Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

Македонски Телеком уште во 2008 година креираше сегмент Односи со инвеститори на својата веб страница за пласирање на структуирани и сегментирани информации кон потенцијалните и постојните инвеститори. Истово во 2013 година се наметна и како законска обврска. Задолжителната котацијата ја гледаме единствено како позитивно искуство и двигател кој изминативе две години пред се е одлична основа за зголемување на транспарентноста кон инвеститорската јавност, кон што Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком и Маѓар Телеком групациите, одсекогаш бил и е насочен. Во изминативе две години значително го подигнавме нивото и квалитетот на пласирани информации кон инвеститорите, за што сведочи и наградата „Кристално Ѕвоно“ која ја добивме во 2014 за еднаодтритенајтранспарентни компании. Потенцијалите секако постојат. Пред сé ги гледаме во насока на зголемена ликвидност на нашите акции.

informacii za akcii makedonski telekom

finansiski podatoci telekom

finansiski pokazateli telekom

dvizenje na cenata-telekom

ceni telekom

Состојба 27.11.2015

komparativen pregled telekom