18 Април, 2024
0.0238

Компанија на неделата Охридска банка АД Скопје

Објавено во: Анализа 10 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котирано акционерско друштво . На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот. Оваа недела ви ја претставуваме Охридска банка АД Скопје. Охридска банка АД СкопјеОхридска банка, Групација Сосиете Женерал е универзална банкарска институција што на македонскиот пазар е рангирана на четвртото место. Од 2007 година, Охридска банка е дел од една од најголемите финансиски институции во светот – Групација Сосиете Женерал. Со над 148.000 вработени, во повеќе од 76 земји, Сосиете Женерал е на страната на 30 милиони клиенти низ светот повеќе од 150 години. Охридска банка дејствува во согласност со високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги притоа четирите вредности на Групацијата: тимски дух, иновативност, одговорност и посветеност. Основната стратегија на Охридска банка е постојано унапредување на квалитетот на извршување на банкарските услуги и целосна посветеност кон задоволување на потребите на клиентите. Преку своето седиште во Скопје и развиената мрежа од 28 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка се стреми да биде референтна банка за односи со клиентите, препознатлива на пазарот, избрана по квалитетот и посветеноста на нејзините тимови. Членови на Управниот одбор: Бранка Павловиќ, Претседател на Управен одбор, Мито Ѓорески, Член на Управен одбор, одговорен за сектор Финансии и контролинг, Стефан Туати, Член на Управен Одбор, одговорен за сектор Банкарство за население и маркетинг, Билјана Андревска, Член на Управен одбор, одговорен за сектор Операции. Членови на Надзорен одбор: Џовани Лука Сома, Сосиете Женерал Париз, Франција, Претседател на Надзорен одбор, Алан Кону, Сосиете Женерал Париз, Франција, Член на Надзорен одбор, Марија Русева, Сосиете Женерал Експресбанк, Бугарија, Член на Надзорен одбор, Цветанка Симоновска, Независен Член на Надзорен одбор, Верица Хаџи Василева-Марковска, Независен Член на Надзорен одбор Интервју со Мито Ѓорески, Член на Управен одбор, одговорен за сектор Финансии и контролинг Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика? Мито ЃорескиОхридска банка, Групација Сосиете Женерал ја има зад себе најуспешната година од своето постоење, со остварен позитивен финансиски резултат кој со октомври 2015 година е речиси двојно повисок во споредба со остварениот резултат во истиот период минатата година. Ова е резултат на порастот на комерцијалните активности во сите сегменти на работењето. Банката бележи зголемена динамика во кредитирањето како на индивидуални така и на корпоративни клиенти. Зголемениот обем на комерцијални активности, соодветното прилагодување на бизнис моделот и оптимизацијата на трошоците, резултираа во пораст на нето банкаскиот приход од 22%. Овие резултати покажуваат јасна слика за потенцијалот за одржлив раст на нашата банка како и капацитет да се спроведе планот во рамки на поставените цели за 2016 година. Во 2015 година, започнавме процес на трансформација со цел да ја зголемиме ефикасноста и да се позиционираме како банка посветена на односите со клиентите и ќе продолжиме со овој процес во следниот период. Успешното управување со кредитниот ризик и успешната наплата имаа силен позитивен импакт на резултатите на Охридска банка за 2015 година. Од друга страна, недоволното заживување на глобалната економија влијаеше врз работењето на сите компании. Доколку се земе во предвид дека над 70% од македонскиот извоз е во ЕУ, а заедно со земјите од западен Балкан кои се исто така ориентирани кон ЕУ, тој процент е околу 90%, станува јасно дека глобалните влијанија имаат реперкусии врз секојдневното функционирање на македонските компании. Покрај тоа, сведоци сме на историски најниско ниво на каматни стапки на пазарот и дискрепанца помеѓу понудата од банкарскиот сектор, кој има значаен расположлив потенцијал и инвестицискиот интерес од страна на реалниот сектор. Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали? Охридска банка во континуитет, а особено откако стана дел од Групацијата Сосиете Женерал остварува значаен, надпросечен раст како на билансните показатели така и на квалитативните перформанси од работењето, пред се резултатот и соодветните индикатори за квалитетот на кредитното портфолио и управување со ризиците. Транспарентноста, целосното објавување на финансиските извештаи и објавување на одлуките од собранијата на акционери овозможуваат навремени и целосни информации врз база на кои заинтересираните инвеститори можат да направат вистински одлуки. Перформансите секоја година се потврдени со соодветна ревизија од реномирани ревизорски куќи. Иако во изминатиот период можеме да забележиме дека инвститорите во своите инвестициони одлуки примарно се мотивирани од краткорочно пазарни мотиви како што е краткорочна промена на цена, исплатата на дивиденди и слично, сепак сметаме дека во догледен период со раздвижување на активноста на инвеститорите на берзата, солидните резултати на котираните компании ќе бидат значаен фактор во носењето одлука за инвестирање и дека акцијата на Охридска банка АД Скопје ќе биде дел од нивното долгорочно портфолио. Пазарното вреднување на акцијата, ликвидноста, зголемувањето на конкурентноста и зајакнатиот имиџ се само дел од придобивките од котацијата на берза. Ова пак од друга страна отвора можност за обезбедување на средства за инвестициско вложување преку капитал или други инструменти, како алтернативи на банкарски средства што претставува еден од најголемите потенцијали на берзата. ohridsak   ohridska   ohridska1 ohridska12ohridska123

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза