20 Април, 2024
0.0250

Компанија на неделата „Прилепска пивара АД Прилеп“

Објавено во: Анализа 23 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котираноакционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви ја претставуваме Прилепска пивара АД Прилеп.

Прилепска Пиварница е друштво основано во 1924 година, чија основна дејност е производство и дистрибуција на пиво и безалкохолни пијалоци. Заштитен знак на Прилепска Пиварница е висококвалитетното пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па сe до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а чиј единствен овластен дистрибутер е Прилепска Пиварница. Прилепска Пиварница произведува и освежителни газирани безалкохолни пијалаци, како што се Газоза и Портокалада. Тука се и овошните нектар-пијалаци од линијата Bloom со 4 различни вкуса: јаболко, портокал, праска и шумско овошје. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска Пиварница ги полни пијалаците на PepsiColaInternational: Pepsi, PepsiTwist, PepsiMax, 7UP, MirindaLemon и MirindaOrange. Прилепска пиварница А.Д. Прилеп е овластен дистрибутер за вината на Стоби ДООЕЛ Градско, како и за минералната вода Књаз Милош и Аква вива и енергетскиот пијалак Гуарана.

Управен одбор: Кирил Самарџиоски – Претседател на Управен одбор, Сашко Самарџиоски – Генерален директор,Панде Самарџиоска – Заменик на Генерален Директор,Благоја Спиркоски – член,Виолета Мартиноска – член,Дања Димовска Микаровска – член,Здравко Јорданоски – член

Надзорен одбор: Александар Чатлески -  Претседател, Методија Самарџиоски Александар Димитријески.

Интервју со Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска пивара АД Прилеп“

Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?

sasko samardziski2015 година за Прилепска пиварница ќе биде запаметена како една од најуспешните години. Оваа е година што ќе биде запишана како година на срушени рекорди во продажба на пиво и сокови. Секоја година перформансите на компанијата се сè подобри и со тоа самиот раст на компанијата.Во првата половина од годината Прилепска пиварница ги зголеми приходите од продажба за 10%, споредено со истиот период во 2014. Продажбата на домашниот пазар ни се зголемила за 8%, само во првите шест месеци, додека пак извозот во истиот период е тројно зголемен.И покрај позитивните рефлексии, предизвиците на пазарот, а посебно во пивската индустрија се секогаш присутни а нивно надминување е возможно со продолжување со вложувања и инвестиции. Нашата, компаниска стратегија се фокусира токму на тоа, инвестирање во производниот процес, во квалитетот на нашите брендови, во доброто позиционирање и комуникацијата на нашите производи. Несомнено декарезултатите се одраз токму на вложувањата во производството и во развојот и истите растат право пропорционално. Она што за нас ја одбележа 2015 година и според успехот ги надмина нашите очекувања е лансирањето на новото темно пиво Златен Даб Dark, приемот што го имаме кај купувачите и воопшто реакциите на новиот производот од Прилепска Пиварница.

Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

Прилепска Пиварница како компанија отсекогаш се грижела како за своите вработени така и за акционерите во компанијата, купувачите – комитенти, добавувачите и пошироката заедница. Тој правец во своето работење го задржува и понатаму во иднина. Со котирањето на берзата, компанијата пред се го подигна нивото на корпоративното управување иодговорност. Во исто време станавме транспарентна компанија која што им овозможува на сите заинтересирани да го пратат работењето и да станат дел од оваа успешна компанија. На тој начин менаџментот на компанијата има обврска преку континуираното инвестирање во нови современо технолошки капацитети и преку зголемување на продажбата и профитабилноста на компанијата, да ги заштити интересите и капиталот на акционерите, а со тоа да продолжи да биде една од главните двигатели во дејноста во која е оперативна. Не e потребно многу да се образложува за бенефитите од котирањето на берзата, доволно е само да се спомене дека во последните 10-тина години Прилепска Пиварница бележи само позитивни резултати, а сигурно дека тоа се должи на промените во менаџирањето на компанијата кои и тоа како мораше да бидат во согласност со барањата за котирање на Македонската берза. И тоа многу брзо беше забележано од потенцијалните инвеститори кои почнаа да тргуваат со акциите на компанијата, за да во последната 2015 година стане една од најликвидните хартии од вредност на берзата. Тоа само значи дека се зголеми кредибилитетот на менаџментот на компанијата а исто така и довербата што инвеститорите ја имаат во компанијата. Наша задача е да го одржиме тој тренд и понатаму.

 pp1

pp2

pp

pp5

Минимална цена  19.800Максимална цена 28.500Последна цена 27.500 Ценовна промена во тековната година(YTD)-1,08% Годишна ценовна промена (YTY)37,5% Состојба 16.02.2016 pp6

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!