25 Април, 2024
0.0286

Компанија на неделата Скопски Пазар АД Скопје

Објавено во: Анализа 28 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котираноакционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви го претставуваме Скопски Пазар АД Скопје.

skopski pazar logoСкопски Пазар АД Скопје е компанија која се занимава со трговија. Компанијата поседува четири супермаркети кои го носат бренд името СП Маркет, 11 дисконти познати како Макси Д, две продавници за мебел, салон за убавина, и специјализирана продавница за текстил која го промовира Словенскиот бренд Одеја. Исто така компанијата е активна и во секторот со недвижен имот, врши изнајмување на простор, менаџира со 14 пазари за зеленчук и овошје и еден пазар за добиток. Исто така Компанијата поседува еден царински терминал, складиште и два ресторани.

Управен одбор: Предраг Милосављевиќ-претседател, Звонко Стојчев,Сашо Арсов.

Надзорен одбор: Сашо Давитковски-претседател, Јован Јовановски-член, Тошо Давитковски-член, Слободанка Ристовска-независен член, Боце Славков-член.

Интервју со Сашо Давитковски, Генерален директор на Скопски Пазар АД Скопје“

Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?

 -Со оглед на севкупната состојба во економијата во регионот, морам да го истакна моето задоволство од позитивните резултати кои Скопски пазар АД ги искажува во текот на 2015 година. Се надеваме дека со успех ќе ја завршиме тековната година. Иако имаме пад на продажбата во трговската дејсност, во останатите делови фирмата бележи исклучително добри резултати. Благодарение на домаќинското работење успеавме да ја консолидираме фирмата и остваривме предности за нови инвестициони потфати во наредните години.

Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

-Со задоволство истакнуваме дека Скопски пазар АД е едно од ретките акционерски друштва чие пазарно вреднување беше над просекот во текот на 2015 година и чија вредност по акција е скоро за два и пол пати повисока од номиналната, што покажува дека е акција од исклучителен интерес кај инвеститорите. Сметам дека берзата е малку користена како место за обезбедување на поголем капитал и нејзиното место во економските текови и развојот на севкупното стопанство ќе биде подигнато на едно многу повисоко ниво во блиска иднина.

 skopski pazar1

skopski pazar2skopski pazar3

skopski pazar4

Минимална цена  8.400Максимална цена 7.200Последна цена 8.001 Ценовна промена во тековната година(YTD) -1,51% Годишна ценовна промена (YTY)-0,07% Состојба 25.12.2015 skopski pazar5