18 Април, 2024
0.0256

Компанија на неделата Стопанска банка АД Битола

Објавено во: Анализа 21 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котираноакционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви ја претставуваме Стопанска банка АД Битола.

Стопанска Банка АД Битола е акционерско друштво со својство на правно лице кое самостојно врши депозитни, кредитни и други банкарски работи, работи на платен промет во земјата и странство,прибирање на депозити и одобрување на кредити, работи со хартии од вредност и други банкарски работи.Банката е со седиште во Битола а располага со филијали во Скопје, Демир Хисар, Прилеп и Ресен.

Управен одбор: Владимир Ефтимовски – Претседател, Наташа Несторовска, Гордана Балтовска.

Надзорен одбор: Јосифовиќ Ненад – Претседател, Дејан Панделески, Иванчо Велјановски, Коста Костадиновски, Александра Радевска, Нефтенов Панче Кирил Митровски.

Интервју со М-р Гордана Балтовска, член на Управен одбор на Стопанска банка АД Битола“

Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?

gordana baltovskaОваа година ја оценуваме како доста успешна за работењето на Стопанска банка а.д. Битола. Од почетокот на годината заклучно со 30.11.2015 година, кредитното портфолио забележа раст од 10,85% при што поголема динамика на раст имаа кредитите одобрени на физички лица што е во согласност со стратешките определби на Банката. Имено, неповолните услови на стопанисување во домашната економија, која сеуште е под влијание на бавното закрепнување на глобалната економија, особено економијата на еврозоната, соодветно се рефлектираа врз работењето на стопанските субјекти.  Така, учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити одобрени на нефинансиски правни субјекти на ниво на банкарски сектор заклучно со вториот квартал од тековната година достигна 15,96%. Значително поразлична е ситуацијата во делот на кредитирање на домаќинства каде овој показател за банкарскиот сектор на Република Македонија изнесува 5,65%. Поаѓајќи од ваквите податоци, Банката ги интензивираше активностите за проширување на мрежата на експозитури и банкомати, воведување на нови производи и услуги соодветни на потребите на клиентите кои се во фокусот на работењето на Банката, а со цел поголема достапност на услугите до клиентите физички лица. Секако дека, Банката продолжи да го поддржува и стопанството преку одобрување на кредити со прифатливо ниво на ризик. Наплатата на нефункционални кредити и продажба на преземениот имот исто така беа цели со висок приоритет во изминатиот период. Следствено на досегашното успешно спроведување на мерките и активностите предвидени во Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката успеа да оствари солиден позитивен финансиски резултат заклучно со 30.11.2015 година кој соодветствува на поставените плански големини. Потврда за успешноста во работењето на Банката во 2015 година беше и признанието од светски познатиот финансиски магазин “Global Banking Finance” кој ја прогласи Стопанска банка а.д. Битола за најдобра retail банка за 2015 година во Македонија, додека претседателот на Управниот одбор на Банката, м-р Владимир Ефтимоски го доби признанието за  најдобар главен извршен директор во банкарскиот сектор во Република Македонија за 2015 година. Исто така, од страна на престижниот меѓународен магазин „International Banker“, Стопанска банка а.д. Битола беше избрана занајдобра комерцијална банка за 2015 година и банка со најдобро банкарско иновативноработење со физички лица за 2015 година во Република Македонија.

Способноста на Банката за генерирање на оперативни приходи во обем кој не само што ги покрива редовните расходи од работењето, туку останува и вишок за покривање на останати расходи кои не произлегуваат од редовните банкарски активности би ја истакнале како значајна позитивна карактеристика во работењето на Стопанска банка а.д. Битола во 2015 година. Во тој контекст, оперативниот резултат за периодот 01.01-30.11.2015 година е два пати повисок во однос на остварениот во истиот период од минатата година.

Предизвиците со кои продолжува да се соочува стопанството, а воопшто и домашната економија, како и очекуваните промените во регулативата од областа на банкарството заради усогласување со Базел 3, би ги издвоиле како клучна негативна карактеристика која секако дека ќе влијае врз работењето на Стопанска банка а.д. Битола и банкарскиот сектор во целост.

Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

Акциите на Стопанска банка а.д. Битола котираат на Македонската берза за хартии од вредност, на потсегментот берзанска котација, почнувајќи од 2002 година. Од воведувањето на новиот Македонски берзански индекс (МБИ10) во 2005 година,  акциите на Банката се вклучени во пресметката на овој индекс како акции кои спаѓаат меѓу десетте најликвидни котирани на Македонска берза.

Самата котација на акциите на Стопанска банка а.д. Битола на потсегментот берзанска котација праќа јасна порака до инвеститорите за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Банката, добрата капитализираност, како и транспарентноста во работењето која се согледува преку поседување на сопствена интернет страна, редовно ажурирање на истата, целосно и навремено информирање на јавноста за сите настани кои имаат третман на ценовно чувствителни информации согласно Правилата за котација.

Сето ова придонесува за зголемување на довербата и интересот на инвеститорската јавност за акциите на Банката како дел од придобивките од котацијата на акциите на Македонска берза. Овие придобивки, дополнително повлекуваат други позитивни ефекти од типот на: можност за секојдневно пазарно вреднување на Банката, висок степен на ликвидност на акциите и задржување на позицијата меѓу десетте најликвидни акционерски друштва кои го сочинуваат индексот МБИ10, полесен пристап до нов сопственички капитал доколку се јави потреба од тоа, како и подобрување на имиџот на Банката.

Како клучен недоволно искористен потенцијал од котацијата на Берза би го издвоиле докапитализирањето преку нова емисија на акции. Ваквиот чекор не само што би ја зајакнал капиталната позиција и билансот на состојба на Банката, туку би придонесол за подобрување на конкурентноста и пазарното учество, подобрување на стапката на задолженост debt-to-equity и полесен пристап до должнички извори на финансирање т.е. кредити со поповолни услови.

informacii stopanska bitola

finansiski stopanska bitola

finansiski pokazateli stopanska bitola

dvizenje na cenata stopanska bitola

  Минимална цена  1.000Максимална цена 1.440Последна цена 1.003 Ценовна промена во тековната година(YTD)-28,36% Годишна ценовна промена (YTY)-32,68% Состојба 18.12.2015 komparativen pregled stopanska bitola

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза