25 Април, 2024
0.0276

Компанија на неделата „Стопанска банка АД Скопје“

Објавено во: Анализа 01 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котирано акционерско друштво. На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви ја претставуваме „Стопанска банка АД Скопје“.

Стопанска банка А.Д. - Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во Македонија во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Македонија. На почетокот на 2000 година управувачкиот пакет-акции од Стопанска банка А.Д. - Скопје беше откупен од страна на Националната банка на Грција – најголемата банкарска групација во Југоисточна Европа. Со овој значителен чекор Банката го продолжи својот растеж и развој во успешна компанија во согласност со светските банкарски стандарди.

Управен одбор :Диомидис Николетополус ,Тони Стојановски ,Теодолус Скордис, Милица Чапаровска - Јовановска

Надзорен одбор :Константинос Братос, Константинос Восикас, Панајотис Кранадрејас, Димитриос Франгетис, Анастасиос Лизос, Спиридон Ставрос Маврогалос Фотис, Димитра Гудуфа , Благоја Наневски, Владимир Кандикјан.

Интервју со Мирјана Трајановска, сениор директор за ликвидност и финансии

1.   Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?
mirjana trajanovska stopanska bankaНашиот тим се гордее што Стопанска банка АД – Скопје ја заврши 2015 со најдобри резултати досега. Секако, овие резултати се очекувани и доааѓаат како надградба на успешните години во кои Банката се реконструираше, подмладуваше, развиваше и воведуваше новитети на пазарот секако одржувајќи ги во фокусот клиентите и нивните потреби.
Сепак, од аспект на банкарското работење веруваме дека комбинацијата на портфолијата, внимателниот пристап при кредитирање, добро балансираната ценовна политика и одржувањето на нефункционалните кредити на ниско ниво се главните атрибути кои придонесуваат кон нашата изразена профитабилност.
Стопанска банка АД - Скопје како Банка со најдолга традиција на пазарот, располага со распространета мрежа на филијали и подолго од 1 година работи на модернизирање и трансформирање на филијалите од трансакциски во услужни/сервисни центри. На тој начин, покрај со новите производи и услуги и подобрените карактеристики на постојното портфолио веруваме дека ќе го зајакнеме впечатокот со новиот модерен изглед на филијалите и ќе им излеземе во пресрет на клиентите кои се повеќе бараат self service за основните банкарски услуги (пренос на средства, плаќања)
2. Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?
Стопанска банка АД - Скопје, како компанија котирана на сегментот Задолжителна котација на официјалниот пазар на Македонската берза, е насочена кон своите акционери, инвеститори и широката јавност, преку континуирано и транспарентно објавување на информации. Ваквиот начин на објавување на податоци, за банката претставува практична и ефикасна можност, да и го претстави на инвеститорската јавност своето работење, резултатите и развојната визија. Иако мал процент од обичните акции на Банката се во сопственост на малцинските акционери, ефектите од објавените информации врз тргувањето со акциите на Банката на берзата се јасно видливи, особено по објавите на импресивните финансиски резултати на Стопанска банка.
Во тој контекст, нашата цел е, како и минатата, така и оваа година да го унапредуваме информирањето на јавноста преку веб страницата на Берзата, и квалитативно и квантитативно, особено вон пропишаните обврски за обелоденување на податоци, со цел да се презентира пошироката слика за корпоративните активности на Банката. Траспарентноста на една компанија значи почит кон акционерите и кон јавноста, а за нас тоа е еден од предусловите Стопанска банка да ја задржи лидерската позиција во банкарскиот сектор.

stopanska banka berza

pokazateli stopanska

dvizenje na cena stopanska banka

Минимална цена  290Максимална цена 425Последна цена 410

Ценовна промена во тековната година(YTD)-3,53%

Годишна ценовна промена (YTY)9,92%

Состојба 26.02.2016

komparativen pregled stopanska banka