25 Април, 2024
0.0318

Компанија на неделата „Цементарница УСЈЕ АД Скопје“

Објавено во: Анализа 24 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котираноакционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви го претставуваме Цементарница УСЈЕ АД Скопје.

Цементарница УСЈЕ АД е производител на цемент и други градежни материјали. Како членка на Групацијата ТИТАН, која е мултирегионален производител на цемент, Цементарница УСЈЕ АД е современа компанија и активен член на заедницата. Компанијата е лоцирана во Скопје, главниот град на Република Македонија. Цементарница УСЈЕ АД започна да произведува цемент во 1955 година, а денес вработува повеќе од 300 луѓе. Цементарница УСЈЕ АД е една од најголемите компании во земјата и се вбројува меѓу врвните 20 компании според профитот и резултатите.

Одбор на директори:Константинос Дердемезис – Претседател, Борис Хрисафов - Главен извршен директор, Љупчо Карапетков, Михаил Сигалас, Фокион Тасоулас,Александрос Тсомплектзоглоу,Лоукас Петкидис.

Интервју со Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје“

Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?boris direktor usje

За Усје 2015 година беше особено значајна, бидејќи го одбележавме големиот јубилеј 60 години од постењето на нашата компанија. Во таа насока имавме низа активности кои имаа за цел да дадат едно заокружување на нашето досегашно работење и делување на пазарот. Тоа беше добра можност да направиме рекапитулација за досега постигнатото и да ги трасираме идните активности и цели, особено имајќи ги предвид значењето и улогата што ги имало и ги има нашата компанија во развојот на македонската економија и македонското општество воопшто.

На деловен план нашата компанија ја заврши 2015 година солидно, приходите се зголемија за 8%, но оперативната добивката е намалена за 11%. Тоа се должи на зголемените расходи и падот на продажбата на домашниот пазар за 3%, што е резултат на нелојалната конкуренција, односно увоз на цемент од Албанија и Турција со значително понизок квалитет. Ваквата состојба на домашниот пазар која се провлекува со години освен што влијае на нашето работење, загрижувачка е и од аспект на безбедност на градбите што се изведуваат во Македонија. Токму овој аспект беше и главна тема на нашата техничка конференција што се одржа минатата година, на која со надлежните институции се обидовме да најдеме основи за создавање системски решенија и адекватно постапување со надлежните институции.

УСЈЕ, како сериозна компанија со долгорочни планови продолжува да инвестира во квалитет на своите производи како наша стратешка определба, притоа следејќи ги најновите трендови во оваа индустрија. Во целокупниот сегмент на нашето работење досега инвестиравме над 80 милиони евра, а околу 36 милиони отпаѓаат на инвестиции поврзани со процеси за заштита на животната средина.

Годинава трендот во градежната индустрија покажува нагорни амплитуди. Според последните податоци од Заводот за статистика во јануари издадени се за 11% повеќе дозволи за градба во однос на истиот период минатата година. Тоа е оптимистички показател, а дополнително се надеваме дека и политичката ситуација која влијае на бизнисот индиректно ќе се стабилизира и ќе ги оствариме нашите бизнис планови.

Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

Македонската берза е значајна за целокупниот развој на македонската економија, бидејќи таа е симбол за воведување нови принципи за работа и можности за финансирање на македонскиот компании. Факт е дека берзанското работење во Македонија е сѐ уште на симболично ниво и не се искористени сите потенцијали кои што постојат во развиените земји. За тоа постојат повеќе фактори, како доверба во институциите, отсуство на инвеститорска култура и можеби најважно, малиот пазар што  е најдетерминирачки фактор. Големото раздвижување на Македонската берза што се случи пред големата светска финансиска криза за жал кратко траеше, но покажа дека и во Македонија има потенција и интерес за инвестирање во македонските компании. Исто така, треба да се нотира дека Македонската берза придонесе за поголема транспарентност во работењето на компаниите и јасно ја нотираше потребата да се информира јавноста, особено инвеститорската, за состојбите и активностите на компаниите.

cementarnica usje

fin.pokazateli usje

usej1

Минимална цена  22.000Максимална цена 17.000Последна цена 20.101

Ценовна промена во тековната година(YTD)14,30%

Годишна ценовна промена (YTY)-0,05%

Состојба 21.03.2016

usje2

usje3