28 Март, 2024
0.0242

Компaнија на неделата „ТТК банка АД Скопје“

Објавено во: Анализа 01 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котираноакционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви ја претставуваме ТТК банка АД Скопје.ttk banka logo

ТТК Банка АД Скопје делува како акционерско друштво во својство на правно лице, како резултат на спојување на Тетекс-Кредитна банка АД Скопје и Тетовска банка АД Тетово. Банката самостојно и успешно ги обавува следниве активности : Прибирање на депозити и други повратни извори на средства; Кредитирање во земјата вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции;Кредитирање во странство вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции; Издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови, патнички чекови, меници); Менувачки работи; Платен промет во земјата и странство, вклучувајќи купопродажба на девизи; Брз трансфер на пари; Издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување; Изнајмување сефови, остава и депо; Тргување со девизни средства што вклучува и тргување со благородни материјали; Тргување со хартии од вредност; Обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица; Економско –финансиски консалтинг; Други финансиски активности утврдени со закон кои може да ги врши банката; Финансиски лизинг; Тргување со инструменти на пазарот на пари; Купопродажба, гарантирање и пласман на

Управен одбор: Драгољуб Арсовски – Претседател,Наталија Алексова

Надзорен одбор:М-р Глигорие Гоговски,Проф. д-р Тито Беличанец,Доне Таневски

Борислав Трповски,Проф. д-р Методија Несторовски,Проф. д-р Арсен Јаневски

Интервју со Д-р. Зоран Колев, Заменик директор на Сектор за комерцијално банкарство во ТТК банка АД Скопје“

  1. Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?

ТТК Банка завршува со уште една, во низа, успешна година во која повторно реализира позитивен финансиски резултат, повисок за 20% од резултатот остварен минатата година. Брзо и ефикасно се прилагодувавме на пазарните и економските услови и потребите на корисниците што резултираше со поизразен раст на кредитирањето на физичките лица во делот на станбени и потрошувачки кредити. Со проактивното модифицирање и одржување на конкурентноста на понудата и воведување на нови услуги со современа технологија успеавме да го зголемиме задоволството на лојалните корисници

Банката континуирано одржуваше висока и стабилна ликвидносна позиција како и висока стапка на адекватност на капиталот и со тоа обезбеди минимизирање на ризикот од несолвентност во работењето. Доброто управување со кредитниот ризик го потврди и подоброто остварување на показателот на учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансиски субјекти во однос на минатите години.

ТТК Банка спаѓа во групата на малите банки и е една од ретките банки во Македонија со сè уште доминантен домашен капитал. Современата организациска структура - пазарно ориентирана, флексибилноста во брзото прилагодување на промените на пазарот, добрата покриеност со мрежата на филијали/експозитури преку силно регионално присуство и застапеност и во руралните средини, транспарентниот и коректен однос со корисниците се едни од главните причини кои го потврдуваат досегашниот успех на Банката.

Во ноември 2015 година, вториот по големина акционер ЕБОР со удел од 16% го продаде својот удел во ТТК Банка на повеќе мали инвестори од кој ниту еденне поседува над 5% од вкупниот број на акции.

Банката во претстојниот период ќе биде насочена кон обезбедување стабилно и профитабилно оперативно работење. Растот на кредитната активност на Банката се очекува да се реализирапреку зголемување на уделот на работа со населението и задржување на фокусот за работа со мали и средни претпријатија.Потпирањето на сопствените извори на финансирање и понатаму ќе биде основа на деловната стратегија, при што и натаму депозитите од секторот население остануваат со доминатно учество во вкупните извори на средства.

Банката ќе продолжи со преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и активности поврзани со продажба на преземениот имот, кои би влијаеле позитивно на финансискиот резултат на Банката.

  1. Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

ТТК Банка АД Скопје котира на официјалниот пазар на Македонската Берза од 21.07.2006година.

Транспарентноста во работењето на ТТК Банка е постојано присутна, преку објавите на сите значајни информации на Македонската Берза. Принципите на корпоративното управување постојано се спроведуваат и зајакнуваат во работењето на ТТК Банка.Отвореноста на ТТК Банка преку котација на Берзата во голема мера го одразува нивото на корпоративната свест во една компанија. Домашните, а пред се странските инвеститори многу тешко ќе се одлучат да вложуваат во земја каде што компаниите се одликуваат со ниско и незадоволително ниво на отвореност. Колку повеќе ќе се зголемува отвореноста на компаниите и нивната подготвеност за презентирање на јавноста за најзначајните аспекти од нивното работење, толку повеќе ќе се зголемува и инвеститорскиот интерес. Од обелоденувањето на податоци за друштвата, корист имаат не само лицата кои се сопственици или инвестираат во хартии од вредност, туку и самите издавачи. Објавувањето на податоци и обезбедувањето транспарентност за инвеститорите, друштвата не треба да го сфатат само како законска обврска, туку и како начин на промоција пред потенцијалните инвеститори и натпревар за прибирање на свеж капитал од широката јавност. ТТК Банка со котирањето на Македонската Берза е секогаш во фокусот на инвеститорската јавност и медиумите кои го покриваат пазарот на капитал и неговите движења.

Потенцијалот на Македонската Берза како пазар на капитал т.е.како пазар за пристап до финансиски средства од надворешни извори не е искористен во досегашната пракса во Македонија.Дел од причините за тоа е вишокот на ликвидност со кој се соочува банкарскиот систем во последните неколку години како и  кризата која се јави на крајот на 2007 година.Компаниите во Македонија очигледно не ја сфатиле основната цел на самото битисување на Македонската Берза -  како место за обезбедување на дополнителен капитал за сопствениот развој, а не само како инструмент за консолидирање на сопственичката акционерска структура.

ТТК Банка во 2016 година ќе учествува во проектот СЕЕ Линк за регионално пренасочување на налози, што ќе овозможи за првпат домашните правни и физички лица да можат да инвестираат во хартии од вредност во Хрватска и Бугарија и се очекува да ја зголеми присутноста на инвеститорите од Хрватска и Бугарија на Македонската Берза. Со тоа се очекува зајакнување и раздвижување на сите пазари на капитал во земјите кои ќе учествуваат во овој проект финансиран од ЕБОР.

berza ttk

pokazateli ttk

dvizenje na cena tkk

Минимална цена  453Максимална цена 650Последна цена 580

Ценовна промена во тековната година(YTD)13,79%

Годишна ценовна промена (YTY)1,54%

Состојба 29.01.2016

komparativen pregled ttk

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот