18 Април, 2024
0.0255

Компанија на неделата „Витаминка АД Прилеп“

Објавено во: Анализа 08 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Во пресрет на 20 години од првиот ден на тргување Македонска берза АД Скопје во соработка со порталот Фактор еднаш неделно ќе ви претставува по едно котираноакционерско друштво .

На почеток ќе имате можност да се запознаете со компаниите кои се составен дел на МБИ 10 индексот.

Оваа недела ви ја претставуваме Витаминка АД Прилеп.

Витаминка АД Прилеп е компанија која работи во прехрамбената производствена индустрија. Широката палета на производи на компанијата вклучува производство на: производи за ужина, чоколадни производи, слатки, бонбони, пудинзи, сладоледи во прав, шлаг-крем, пастеризирани производи, кечап и мајонез, супи и сосови,и други додатоци за храна. Исто така нивната понуда вклучува и инстант производи, сирупи и филтер чаеви. Централата на Витаминка АД Прилеп, се наоѓа во Прилеп, Македонија.

Одбор на директори: Симон Наумоски, Претседател; Сашо Наумоски, Генерален извршен директор; Благоја Ѓорѓијовски, неизвршен член; Ѓорѓи Манчески, неизвршен член; Сашко Самарџиоски, неизвршен член

Интервју со генералниот директор  на Витаминка АД Прилеп“ Сашо Наумоски

Како ја оценувате тековната 2015 година од аспект на вашето работење? Дали резултатите досега се во рамките на очекувањата? Можете ли да издвоите по една највпечатлива позитивна и негативна карактеристика?

Saso NaumoskiОд перспектива на веќе измината година и одмерувајќи ги сите деловни околности со кои се соочивме, оценката е недвосмислена дека имавме успешна година. Потврда за тоа е податокот дека предминатата година имавме раст на вкупните приходи од 6% во однос на претходната 2013. Нашите очекувањата се дека и оваа година ќе имаме раст на приходите, но не со темпо како минатата година. Очекуваме вкупниот раст на приходот од 2015 година во однос на 2014 да се движи околу 3%, додека оперативните приходи се очекува да останат на исто ниво. Повеќе од јасно е дека како негативна карактеристика за бизнисот е неповолната политичка клима во земјата и проблемот со неинтегрираноста на Македонија во Евроатланските процеси и непостоењето заштита на домашниот производ во однос на зголемениот и неконтролиран увоз на производи за широка потрошувачка. Витаминка има одлични производи, а се натпреваруваме со производи кои ценовно и со квалитет не се соодветна конкуренција на домашните производи. Мора да најдеме начин да го заштитиме домашното производството. Земјите членки на Европската унија наоѓаат начини како да го заштитат својот производ, истото треба да го сториме и ние. И покрај горенаведените околности, покрај растот на приходите, измината година многу успешно ја редизајниравме и „Цевитана“ која е меѓу водечките брендови во друштвото, што фрла едно многу позитивно светло на целосниот впечаток и резултат што Витаминка го постигна во 2015.

Како ја оценувате вашата котација на берзата? Има ли од неа стекнати придобивки и кои се сеуште неискористените потенцијали?

 Тргувањето на берза за хартии од вредност несомнено може да овозможи многу поволности за една компанија. Потенцијалите се големи, но ако се постават на вистински основи и се развиваат во вистински правец. Ние како компанија немаме бенефит од берзата. Со последните измени направени во постоечкиот закон во 2013 година берзата наместо да заживее, успеа уште толку да се забави. Кога се објавува нова емисија на акции, тоа е проследено со многу бариери, исполнување на многу услови. Мора да се направат измени во законот што ќе овозможат вистинско берзанско работење за да може и компаниите да ги почувствуваат позитивните придобивки од берзата

info vitaminka

finansiski vitaminka

pokazateli vitaminka

dvizenje na cenata vitaminka

Минимална цена  8.100Максимална цена 9.001Последна цена 8.800 Ценовна промена во тековната година(YTD)-2,1% Годишна ценовна промена (YTY)2,31% Состојба 05.02.2016 komparativen pregled vitamnika

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза