23 Април, 2024
0.0265

Комплетирана донацијата од Жито Лукс на детското одделение во Кумановската болница

Објавено во: Мои пари 23 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Компанијата Жито Лукс ја комплетираше донацијата во Детското одделение во Кумановската општа болница. Нови медицински апарати,постелнини и дополнителна опрема за потребите на одделението се доставени како резултат од  неколкумесечната донаторска кампања.

Оваа донација, опремата и апаратурата и воопшто подобрувањето на ова одделение беше целта на повеќемесечната заложба и посветеност. Во нашата мисија не бевме сами и од започнувањето на кампањата па се до овој момент ја имавме целосната поддршка од граѓаните на Куманово, кои што ја прифатија нашата иницијатива и помогнаа во подобрување на условите во детското одделение. Тоа сведочи за нивната доверба за Жито Лукс, како производител и како компанијата што се грижи за животот на граѓаните и помага каде е потребно“,  изјавија од Жито Лукс.

Донаторската кампања преку којашто се издвојува средства од секој купен производ на Жито Лукс на територијата на Куманово и околината, беше поддржана и од локални организации и јавни личности како младата Мартија Станојковиќ.

„Донацијата е од големо значење за нас. Условите за работа, но и изгледот на одделението се значително подобрени но најважно од се е тоа што на децата ќе им биде овозможена подобра и побрза медицинска нега и грижа.  За тоа сме подеднакво благодарни и на нашите сограѓани а и на Жито Лукс, и се надеваме дека и други компании ќе го следат овој пример“, изјавија од Општата болница во Куманово.

Кампањата за спроведување на донаторски активности на Жито Лукс со цел опремување на болничките одделенија каде се лекуваат најмалите, се проведување континуирано во неколку градови во Македонија. Досега, Жито Лукс донираше во Охрид, Велес и Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА