Кому ќе припадне вилата на Тито во Суботица?
Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2018
Титовата вила во гратчето Палиќ во Суботица по повеќе од 70 години од конфискацијата, треба да им биде вратена на наследниците на Вилим Конен.
Овој објект кој се смета за културно наследство на Суботица, скоро една деценија и половина не се користи и чека нови сопственици.
„Во летните периоди, богатите го минуваа своето слободно време во вилата, се рекреираа и спортуваа“- раскажува Стеван Мачковиќ во својата книга „Индустријата и индустријалците во Суботица 1918–1941“.
Богатиот германски индустријалец од еврејско потекло, Вилим Конен поседувал неколку фабрики и станови во Суботица, куќи во Нови Сад и Белград и две вили во Палиќ. Најпознатиот имот тој го изградил во 1900 година, во шумата околу Палиќ. Во вилата се родил и неговиот наследник Вилим Конен Помладиот.
Властите во 1946 година го конфискувале имотот на Вилим Конен поради наводна „соработка со окупаторот“.