18 Април, 2024
0.0235

Коњановски: Годинава ќе ја завршиме со рекорден извоз

Објавено во: Агробизнис 07 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

И покрај светската економска криза, македонското земјоделство и преработувачката индустрија во делот на извозот oстваруваат рекордно високи резултати , изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски. Тој информираше дека во 2010-та извозот бил вреден 424 милиони евра, лани 469 милиони, а годинава заклучно со септември достигнал 350 милиони евра. До крајот на 2012 очекуваме да се постигне нов рекорд во овој сегмент, нагласи Коњановски кој додаде дека истовремено расте и извозот на преработки од овошје и зеленчук, од 11,6 милиони долари во 2001 на 45,4 милиони во 2011. Во 2001 година беа произведени 21.000 тони преработки на овошје и зеленчук, а во 2011 вкупно 53.000 тони. Тој најави интензивни обуки за земјоделците, а потсети и на поволните кредитни линии за преработувачите, 500 илјади евра со камата три отсто, како и на дополнително воведените 1,5 и 2,5 денари за градинарските култури предадени  во преработувачките капацитети и двата денара за килограм предадено овошје. Според преработувачите, радува фактот што во време на криза тие бележат позитивни резултати. „Во однос на производството ова е рекордна година. Времето се погоди, минатиот месец преовладуваше топло време, имаше доволно суровина. И извозните резултати се подобри од лани. Во следната, 2013 година, не очекуваме поголеми проблеми. Сепак, останува да видиме како ќе биде организиран извозот и со кои пречки ќе се соочиме, изјави Сашо Ристески од Здружението на преработувачи на овошје и зеленчук - МАП. Според него, домашните производи генерално ги задоволуваат основните стандарди за безбедност и квалитет диктирани од ЕУ. Стандардите, пак, што ги наметнуваат големите приватни маркети во Западна Европа, се предност и истовремено закана за македонските производи. Но, ако еднаш се постигнат, отвораат огромен пазар, вели Ристески.  

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари