29 Март, 2024
0.0238

Коњановски: Сите што вложуваат во развојот на земјоделството се наши партнери

Објавено во: Агробизнис 07 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Млекарницата„БиМилк“ денеска беше посетена од страна на заминк министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, амбасадорката на Кралството Холандија Мариет Шуман и Јорк Херера, заменик на амбасадорот на Германија во Република Македонија, по повод светската недела на квалитетот дефинирана од Обединетите Нации. На средбата со генералниот директор на „БиМилк“ Роко Водопија, заменик министерот Коњановски истакна дека секој што силно вложува во равојот на земјоделството е партнер на Владата на Република Македонија. - Битолската млекарница е бренд, и не само во Република Македонија, туку и во ЕУ. За нас од посебен интерес се големите производители да водат грижа за кооперантите бидејќи тоа овозможува прогрес на регионот и можност за земјоделците трудот што го вложуваат, да им се исплати. Тоа што битолската млекарница во период од една година набавила 700 грла добиток всушност ја покажува сериозноста на „БиМилк“ за инвестициите што ги вложува во подобрување на квалитетот на млекото, но и за грижата за сточарите, изјави Коњановски. Тој исто така истакна и дека компаниите сакаат да се прошируваат и да вложуваат поради што Макдонија ги  прошири границите за субвенционирање и годинава имаме програма со која поддржуваме увоз на високо стелни јуници од признато потекло со висок генетски потенцијал, а тој  што ќе увезе до 20 грла добиток добива полните субвенции од 40.000 денари, за увоз на 20-50 грла добиток се добиваат 30.000 денари по грло од добиток, поради што се остава простор да се набават и повеќе од 100 или 200 грла добиток. За фармерите посебнододаде Коњановски ова ќе биде  уште една мерка што ќе ја имплементираме наредната година, односно фармерите на посебен оглас да добиваат земјоделско земјиште кое ќе го користат за производство на сточна храна. Според генералниот директор на „БиМилк“ Роко Водопија, директната поддршка од државните институции позитивно влијае врз работата на нивната компанија, лидер за квалитет каде годишно се преработуваат над 65 милиони литри млеко. - Во битолската млекарница постои целосно автоматизиран процес на производството, ги имплементира и применува ХАЦЦП стандардите, го поседува највисокиот ИСО 22000 стандард за безбедност на производот кој го вклучува и ИСО 9001 стандардот, сертификатот ИСО 14000 и имплементација на ИФС системот. Одржувањето на високиот квалитет на производите и понатаму ќе биде основна цел на сите инвестициони активности, посочи Водопија. На работната средба во „БиМилк“ холандската амбасадорка Мариет Шуман предочи дека оваа компанија е пример за професионализам, за квалитет и за подготвеност да се помогне на фармерите. Заменикот на германскиот амбасадор Јорк Херера потсети дека билатералната размена со Република Македонија достигнала над 2 милијарди американски долари, а тоа значи дека Македонија има суфицит во размената со Германија што значи, подвлече, дека несоодветни се некои обвинувања дека Германија зајакнува на сметка на економската криза во некои европски држави.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи