20 Април, 2024
0.0269

Проектот „ЕДИСОН“ (Eco Driving Innovative Solutions and Networking) -„САМИТ100“

Концептна лабораторија за Зелена мобилност во регионот

Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Проектот „ЕДИСОН“ прерасна во иновативна платформа за зелена мобилност на иднината. Тој со полно право може да се вброи меѓу клучните проекти за забрзан развој на регионот ЈИЕ.

Во духот на клучниот збор „ПОВРЗУВАЊЕ“ на овогодишниот „САМИТ100“, покрај другите теми, фокусот ќе биде и зелена мобилност на иднината, како алатка за подобрување на квалитетот на живот во целиот регион, како и главна алатка за квантен скок на регионот во обид да ги достигне напредните глобални економии, па дури и да ја преземе водечката позиција. 6-тиот „САМИТ100“ на бизнис-лидери од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Скопје на 16 и на 17 октомври, со гордост го најавува проектот „е-Скопје“, како продолжение на проектите „ЕДИСОН“ „е-Белград“ и „е-Целје“.

Главен иницијатор на проектот „ЕДИСОН“ е еден од основачите на „САМИТ100“, д-р Изток Селјак, кој е и претседател на Управниот одбор на словенечката „Хидриа“ – една од водечките европски и глобални корпорации во полето на автомобилската и индустриската технологија.

Д-р Изток Сељак, исто така и член на Одборот и потпретседател на „САМИТ100“, потенцира дека целта на проектот е масовно да се овозможи достапна електрична мобилност во регионот, преку регионално развиени решенија.

“Се обидуваме да ги разбереме клучните мегатрендови што ќе имаат силно влијание врз мобилноста во наредните 20-30 години и целиме да бидеме пред другите во имплементирање на потребните софистицирани технолошки решенија. Додека во претстојните три до пет години, и натаму во голема мера ќе зависиме од моторите со внатрешно согорување и ќе треба радикално да ги подобриме, истовремено проактивно ќе го развиваме регионот во природна лабораторија за идната зелена мобилност“ – изјави д-р Изток Сељак за словенечките медиуми.

Значајни достигнувања на проектот „ЕДИСОН“

·  Есента 2015 година, „БМВ Словенија“ во соработка со Ротари клубот Идрија, започнаа со реализација на хуманитарен проект за помош на деца со посебни потреби преку најмување електрични возила „BMW i3“. Од денешна перспектива, тоа беа првите е-автомобили во Словенија и во регионот.

·  Во мај 2016 година, партнерството помеѓу „БМВ Словенија“ и Ротари Интернационал резултираше во поголема хуманитарна акција од каде што и потекна идејата за „Грин Селтика“ (Green Keltika): во должина од 120 км долга регионална магистрала (автопатот Логатец-Идрија-Толмин-Кобарид-Бовец) беа поставени 10 станици од 22hW за напојување на 200 возила на ден.

·  Во мај 2016 година, на „САМИТ100“, организиран во Сараево, беа претставени проектите „Грин Балканика“ и „Грин Адриатика“, кои беа иницијатива токму на  д-р Изток Сељак. Концептот вклучува електрификација на автопати во должина од 2.400 км (од Љубљана до Загреб, Белград, Скопје, Тирана, Приштина, Дубровник, Сплит, Задар, Копер; со надополнување од Љубљана до Салцбург, Минхен и од Љубљана до Марибор и Будимпешта/Братислава), вклучувајќи и најмување електрични возила во овие главни градови и е-автобуски конекции меѓу градовите.

·  Во април 2017 година, во Белград, во партнерство помеѓу „САМИТ100“ и Ротари Словенија и Србија, под водство на д-р Изток Сељак, во Србија беа промовирани првите станици за напојување во Србија. Проектот беше наречен „е-Белград“.

·  Во јули 2017 година, во Љубљана, во присуство на високи владини претставници предводени од премиерот г. Миро Церар и повеќе од 40 партнери на проектот од Словенија (компании, универзитети, институции и општини), во рамките на проектот „ЕДИСОН“ беше потпишан договорот за заедничко партнерство, благодарејќи на кој Словенија стана референтна земја за зелена мобилност на европската карта.

·  Во јули 2017 година, проектот „ЕДИСОН“ беше претставен од страна на д-р Изток Сељак на „Самитот за Западен Балкан“ во Трст на пленарната седница со наслов: „Регионална економска област ‒ претворање на регионалната интеграција во конкретни деловни можности“.

·  Во септември 2017 година ќе биде лансиран проектот „е-Целје“.

Проектот „ЕДИСОН“ прерасна во концептна лабораторија на регионот ЈИЕ за зелена мобилност и огромен потенцијал за развој на локалните економии. Моментално, проектот се наоѓа во фаза на регионален развој и структурирање како европски проект за финансиски перспективи 2021 ‒ 2027 година. Составен дел на главниот план ќе биде и промоцијата на „е-Целје“, закажана за 15-16 септември 2017 година, каде што, исто како и на „САМИТ100“ во Скопје, ќе присуствува Виолета Булц, еврокомесар за транспорт и мобилност и поранешен член на „САМИТ100“ која ќе се осврне на стратегиската важност на проектот за регионот на ЕУ и пошироко.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга