25 Април, 2024
0.0404

КОНФИСКАЦИЈА: Правдата мора да биде задоволена !

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија има законска рамка за примена на мерката конфискација, но веќе е јасно дека надлежните не посегнуваат  по неа и кога можат.  Зошто? Сега откако “воскресна“ темата за конфискација на имот, а особено доби на значење по отворње на неколку криминални случаи од страна на СЈО, експерите се  се погласни во ставот дека секој кој направил криминал на сметка на државата и ги оштетил граѓаните – мора да плати, со имотот.

Закон има – зошто и кој не го применува ?

Политичка волја, храброст, докази и правично судство. Тоа е потребно за доследно да се спроведе законската регулатива која се однесува на конфискација на имот. Дел од експертите – обвинители, професори, меѓународни експерти, сметаат дека е крајно време Македонија доследно да ја спроведува и оваа казнена мерка.

“Конфискацијата е потребна затоа што со неа се задоволува правдата. Конфискацијата е мерка со која се спречува остварувањето на основната цел на сторителите на користољубиви дела, а тоа е здобивање криминален профит и негово вклучување во легалните економски и други активности. Нејзината доследна примена, потенцираа кривичарите на денешниот настан, го чини реално предупредувањето дека „криминалот не се исплатува“ – вели професорката Гордана Бужаровска.

Како пример, во 2015 година, мерката конфискација била применета во 16 судски случаи, што според експертите не соодветствува со стапката на криминал.

“Проблемот е што нема добра истрага во вакви случаи. Обвинителот треба веднаш да реагира, веднаш да поведе иницијатива, за навреме да го обезбеди имотот што треба да го конфискува“, смета  јавниот обвинител од Штип Тодор Витларов, упатувајќи порака до колегите дека со законските измени сега ако правното лице, без разлика дали е политичка партија, компанија, намерно се згасне за да не му се конфискува имотот кога ќе се отвори истрага, законот нуди решение како да се постапи во таков случај и имотот пак да се обезбеди.

Конфискацијата на имот особено стана актуелна откако Специјалното јавно обвинитество отвори неколку финасиски истраги во кои меѓурудото се бараше да се посегне по замрзнување на имот. Токму обвинителите од СЈО посочија и на опструкции што ги прават институциите во постапката за обезбедување на имот.

“Како ќе се постапува во ситуацијата кадешто осомничен е раководител на државен орган, а вие треба таму да се обратите и да барате официјално да добиете документ или имотно правно барање?“ – прашува  Стевчо Донев од Специјално јавно обвинителство.

СЈО бара  замрзнување и одземање на имот..

На крајот од минатиот месец, Специјалното јавно обвинителство  побара мерка конфискација во случајот “ Титаник“. Имено, СЈО  бара на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, на поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протуѓер, на актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Илија Димовски и на обвинетиот Леко Ристовски солидарно да им се конфискува имот во вредност од 2,2 милиони евра. Токму оваа сума, според СЈО  одговара на незаконски обезбедените средства за финансирање на изборните кампањи на партијата во 2011, 2013 и во 2014 година.

Иако јавноста е сведок дека познати политичари и луѓе кои биле дел од власт се инволвирани или биле дел од судски простапки за криминал, разврска со конфискација на имот речси да нема. 

“Тоа е така затоа што имаме системски недостаток. Доколку сакаме да ги исполниме препораките од МАНИВАЛ Комитетот  и од ГРЕКО, ќе мораме да ги надминеме системските слабости и да изградиме една нова законска рамка во која ќе бидат предвидени и исполнети сите препораки кои до ден денеска висат во воздух“ – вели Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и претседател на Здружението на граѓани Зелена ЛУПА – Скопје.

Според академик Владо Камбовски,  во Македонија на прашањето на конфискацијата мора посериозно да се гледа како од научен и практичен, така и од наставен план.

„Додека читам некои пресуди, се чудам. Си велам, дали судијата воопшто знае за оваа мерка? Но, да го прашате судијата зошто пресудата е таква, зошто нема конфискација, веројатно ќе ви рече, па не предложи обвинителството, од обвинителството пак ќе посочат кон МВР и сè така во еден синџир од одговори“ – изјави академик Камбовски.

Конфискација на имот беше едно од “табу“ прашањата кои ги отвори новата Влада многу брзо по промената на власта. Министерствата за правда и за финансии беа задолжени да подготват стратегија за финансиски истраги и конфискација на имот – што е составен дел и од Акцискиот план  3-6-9 во кој се наведени конкретни реформи што Македонија се обврза дека ќе ги исполни. 

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст