24 Април, 2024
0.0280

Конгресменот Рохрабакер кој тврдеше дека Македонија треба да се подели меѓу соседите длабоко се извини

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Американскиот конгресмен, Дана Рохрабакер од републиканската партија неодамна во едно интервју за косовски медиум се изјасни за промена на границите на Балканот и поделбата на Република Македонија.

„Создавањето на македонска држава може да пропадне и во моментов постојат сите услови таа да биде поделена меѓу нејзините соседи, вклучувајќи го и Косово и Бугарија"- изјави тој во интервју за албанската телевизија „Визион плус“.

Меѓутоа, Рохрабакер после бројни остри реакции од низа конгресмени и Стејт Департментот, длабоко се извини за неговите забелешки, кои како вели некои од тие искази погрешно ја пренесле неговата намера.

Конгресменот вели дека неговата позиција за Македонија е јасна, и дека сме легитимна земја со право на самоопределување и почитување на границите. 

„Јас во никој случај не сакав да кажам дека некој друг, освен Македонците треба да го утврди суверенитетот или границите на Македонија. Ако моите зборови беа сфатени на друг начин, јас длабоко се извинувам“, потенцира Рохрабакер и тврди дека неговиот коментар алудирал погрешно, на неговата загриженост кон предизвиците во внатрешното владеење со кои Македонија се соочува во врска со етничките малцинства.

Тој дополнува за доброто пријателство на Македонија и САД како и за значајната поддршката што македонската армија ја дава во текот на изминатите 20 години на САД, на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат