КОНГРЕСОТ ПОТВРДИ: Трамп и официјално претседател на САД
Објавено во: Свет 06 Јануари, 2017
Конгресот на САД официјално го прогласи Доналд Трамп за победник на претседателските избори на 8 ноември.
Тоа се случи откако највисокиот законодавен орган направи биланс од гласовите. Пребројувањето на гласовите на електоратот од Изборната комисија беше извршено на заедничка седница на Сенатот и Претставничкиот дом.
Откако Трамп победи во државите Пенсилванија, Висконсин и Аљаска, кои му донесоа гласови повеќе и му направија предност пред Хилари Клинтон, њујоршкиот бизнис магнат стана 45-тиот по ред претседател на земјата по гласањето на Американците на 08.11.2016 г . на крајот на декември 2016 година кога без посебна драма помина гласањето во изборната комисија во САД, со што всушност официјално се избира шеф на државата.Трамп ќе влезе во Белата куќа овој месец.