28 Март, 2024
0.0444

КОНКУРЕНЦИЈА НА Фејсбук и Епл: Амазон прави своја чет апликација?

Објавено во: Стил 18 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Епл, Фејсбук и Гугл се само некои од фирмите кои работат на аплкации за размена на пораки. Изгледа дека наскоро ќе им се придружи и Амазон, а како што пишува Engadget нивниот сервис би требало да се вика Anytime.

Оваа апликација би требало да ги има сите опции, како и останатите на пазарот со тоа што наводно групниот чет би требало да биде поедноставен како и логирањето.

Нема да зависи од телефонски броеви како WhatsApp, па ќе биде доволно да знаете нечие име и да го додадете во разговор со помош на знакот @, слично како на Твитер.

Ќе биде можно споделување на фотографии, заедничко слушање музика и порачување храна.

Засега не е познато дали и кога Anytime ќе го види светлото на денот.

Компанијата на Џеф Безос веќе се занимава со комуникации, нивниот паметен звучник Ехо поддржува гласовни повици и видео конференции.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи