Констатирани оставките на Мизо и Грозданов, Владата ќе именува нови директори
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2017
Виктор Мизо, директорот на ТИРЗ и Цветко Грозданов, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор вчера поднеле неотповикливи оставки на функциитe.
Владата синоќа ги констатирала нивните оставки и нивните наследници ќе бидат именувани на една од наредните седници.
Вчера се именувани неколку директори на јавни државни претпријатија и институции и избрани членови на управни и надзорни одбори. Владата претходно разреши околу 1.500 членови на управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и институции.
Неофицијално Игор Милев ќе биде новиот директор на Царината, а Зоран Георгиев директор на „Македонски шуми“. Србинот Александар Обрадовиќ, кој од скоро има македонски пасош, најверојатно нема да биде директор на ЕЛЕМ. Горјан Тозија се очекува да ја преземе директорската функција во Агенцијата за филм.