18 Април, 2024
0.0262

Контроверзии околу назначувањето на Дарко Лешоски на Струшките вечери на поезијата

Објавено во: Македонија 12 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Назначувањето на Фејсбук поетот Дарко Лешоски за претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата предизвика нова лавина на реакции поради скромното искуство на младиот вевчанец како и неговите ставови кон самиот фестивал за кого на социјалните мрежи претходно пишувал дека не му е место. 

Самите ставои на Лешоски кон да го наречеме поетскиот естаблишмент во Република Македонија секогаш биле бунтовни и затоа голем дел од својата поезија ја објавуваше на Фејсбук каде стекна голема популарност, па затоа и овој потег е големо изненадување кое е критикувано од повеќе македонски поети и писатели. 

„Дарко Лешоски ми е драг и го ценам. Ама мислам дека за таква сериозна, голема и толку интернационална афирмирана институција како Струшки вечери на поезија битната функција на претседател на управен одбор треба да ја врши некој со многу подлабоко и поголемо меѓународно искуство. Дека претходниот претседател на одборот држеше националистички говори пред тврдокорните не е изговор дека Дарче ќе биде стопати подобар, пишува писателката Румена Бужаровска во нејзин Фејсбук статус.

Лешоски е уште еден од учесниците на протестите на Шарената револуција кој доби функција во новата влада како дел од тимот за комуникации. Во Управниот одбор на фестивалот Лешоски го замени претходниот претседател поетот Славе Ѓорго Димоски.

Струшките вечери на поезијата се еден од најафирмираните светски поетски фестивали со повеќе децениска традиција.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари