Контроверзниот банкар Мигел Блеса пронајден мртов со прострелна рана
Објавено во: Свет 20 Јули, 2017
Контроверзниот банкар Мигел Блеса е пронајден мртов на имот за ловење во Шпанија близу Мадрид со прострелна рана од огнено оружје во градите. Засега полицијата истражува дали станува збор за самоубиство, несреќен случај или пак за убиство.
Блеса долги години ја предводеше штедната банка Каха Мадрид која потоа се спои со шест други штедилници и позајмувачи на пари, но оттогаш започнаа голем број на скандали. Банкарот беше осуден на 6 години затвор за измама и проневера на пари, по што тој се жалеше на пресудата.
Шпанскиот банкар исто така ја разгневуваше јавноста со неговиот лов на егзотични животни, додека трошел средства од банките на незаконски начин.