19 Април, 2024
0.0259

РЕАКЦИЈА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОНТУНИРАНОТО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА ОД СТРАНА НА НОТАРИТЕ ПРОДОЛЖУВА

Објавено во: Мои пари 27 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Целосна дезинформација се денеска објавените ставови на Нотарската комора на настан организиран од нивна страна, дека со Законот за нотаријат услугите за граѓаните со учество на адвокати биле поскапи.

Со започнувањето на примената на новиот Закон за нотаријат,  граѓаните добија дополнителна правна сигурност и се заштитени од парасудското постапување на нотарите за пониски цени. Случаите од практиката,  како ФИКОМ и други слични афери, каде нотарите заверуваа договори за продажба на еден стан на повеќе лица, заверувањето на договори со одамна починати лица, расправањето на оставини со наследни изјави составени од нотари спротивно на изјавите на наследниците, надриписарското составување на договори наместо адвокати веќе се невозможни токму поради присуство на адвокат кој ги штити интересите на странките. Тоа е „усложнувањето“ на постапки кое што денеска во јавно објавените изјави на  нотарите се споменува. Таквото „усложнување“ всушност вистински се нарекува заштита на граѓаните од институцијата нотаријат која во својата погрешна форма истовремено функционира и како нотаријат и како суд и како адвокат  и  која се развиваше како таква во Република Македонија до моментот на усвојувањето на новиот Закон за нотаријат

Како и претходно, мотивот на организирање вакви собири и давање изјави од Нотарската комора е исклучиво неможноста да се помират со фактот дека стотина нотари веќе не го земаат во целост приходот на над 2500 адвокати, како што досега се случуваше.

Адвокатурата во Република Македонија е единствениот вработувач на млади правници во која што само на годишно ниво се вработуваат  над 500 правници.

Во моментов, вкупниот број на адвокати, стручни соработници и приправници изнесува над 5000  што значи дека од адвокатурата живеат семејства со вкупно 20.000 членови, наспроти стотина нотари кои  и понатаму сакаат ексклузивно од граѓаните да го собираат својот огромен приход, како во последните 20 години.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година