25 Април, 2024
0.0299

Косово инвестира милијарда евра во автопат

Објавено во: Балкан, Економија 08 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Автопатот „Ибрахим Ругова“ кој ги поврзува Косово и Албанија е најголем и најскап јавен проект во историјата на Косово. Долг е 102 километри, а до следниот месец се очекува да бидат завршени 64. Цената на  целиот овој проект според најавите ќе достигне до  една милјарда евра. Две илјади и петстотини работници непрекинато две години работат на изградбата на автопатот „Ибрахим Ругова“. Истиот треба да се заврши во рок од 36 месеци. Според претставниците на америчко-турскиот козорциум ова е еден од најдобрите и најбрзите автопати во регионот. Овој автопат се гради по меѓународни параметри на кој се постигнува голема брзина од 120 до 130 километри на час, објаснува портпаролката на конзорциумот. Пред неколку години патот од Приштина до Тирана траел цели 12 часа, денес само три. Владата на Албанија во него инвестираше близу милјарда евра. Владата на Косово досега има иплатено 560 милиони евра. Дел од експертите сметаат дека треба да се инвестира во патиштата на Косово, но според нив ова многу го отежнува буџетот на оваа земја која можела да најде друг начин на финансирање. Посочуваат дека тоа би требало на пример, да биде Европската банка за развој или пак приватен инвеститор, бидејки покрај економската политика на Косово за градење патишта, власта треба да се усмери и кон приватниот сектор, да се отворат нови работни места. Сепак министерот за инфрастуктура на Косово тврди дека граѓаните на оваа земја ја подржуваат инвестицијата во автопатот. Автопатот кон Албанија чини 25 отсто од брутодомашниот производ на Косово. Да се потрошат милијарда евра без да се објави договорот во јавност, значи дека не постои никаква транспарентност во процесот, ова е проект кој функционира под соменвања, бидејки не се знае каде точно одат парите наменети за градбата .Сепак власта не се согласува со ваквиот тип на изјави и тврди дека се оди според финансискиот план, додавајки дека во план е уште една подготовка на изградба на автопат овој пат кон македонската граница.  

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)