Косово наскоро ќе добие своја војска
Објавено во: Балкан 19 Февруари, 2018
Косовскиот претседател, Хашим Тачи, изјави дека долгоочекуваното официјализирање на војската ќе се случи наскоро.
Според него Косово треба да добие своја војска, додавајќи дека и стратешките партнери на Косово и на НАТО целосно го поддржуваат тој процес.
Претседателот на косовското Собранието, Кадри Весели, оценил дека Ослободителната војска на Косово со Адем Јашари, илјадниците нејзини припадници, како и мировниот проект на Ибрахим Ругова, се синоними за слободата на Косово.
Трансформацијата на косовските безбедносни сили во војска на Косово е процес кој трае веќе подолг период. Инаку, уставот на Косово предвидува дека за формирање косовска војска, покрај мнозинството гласови, неопходна е и двотретинска поддршка од пратениците на малцинствата во парламентот.