Косово: Планираме до 2019 да ја направиме армијата воено најспособна
Објавено во: Балкан 13 Март, 2017
Лидерот на Косово Хашим Тачи планира создавањето на армија да помине низ 3 фази, за да може во 2019 година вооружените сили на земјата да бидат веќе воено најспособни, пренесоа медиумите од регионот
Покрај противењето на меѓународната заедница, Тачи продолжува со курсот на создавање на комплетна армија врз основа на безбедносните сили на Косово.
Во оваа врска Тачи преговара за купување на хеликоптери и малку оружје, а албанските пилоти на хеликоптери веќе поминале обука во Турција. Претходно Тачи рече дека ќе поднесе оставка ако парламентот не ја поддржи реформата на безбедносните сили и нивното претворање во воено најспособна армија. Истовремено главните сојузници на Косово - САД и НАТО, се изјаснија против идејата за трансфомирање на косовските полициски сили во војска.
Во српската престолнина се одржува вонредна седница на советот за безбедност на земјата, свикан по иницијатива на претседателот на Србија Томислав Николиќ.
Се дискутира за создавање на косовските вооружени сили и одлуката на парламентот во Приштина да го прекине дијалогот со Белград до ослободувањето на екс премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.