25 Април, 2024
0.0291

Косово сопре 40 цистерни со „шкарт“ нафта од Албанија

Објавено во: Економија 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Царинската управа на Косово спречила влез на околу милион литри нафта која доаѓа од Албанија поради сомнителниот квалитет кој бил истражуван во три различни лаборатории од кои една е и од Македонија.

– Извршената анализа во царинската лабораторија, како и во две акредитирани приватни лаборатори во Косово, покажаа дека нафтата не ги исполнува критериумите предвидени во нашата земја, изјави  портпаролот на Царинската управа на Косово Адриатик Ставилеци за приштински „Зери“.

По трите извршени анализи, една од трите компании која ја нарачала нафтата „ХИБ Петрол“ инсистирала на друга анализа, по што Царинската управа на Косово испратила мостри од нафтата за анализа во Македонија.

Фадил Бајрами, претседател на здружението на бизниси кои се занимаваат со продажба и увоз на нафтени деривати, тврди дека блокираната нафта е неквалитетна и оти ова не е прв таков случај.

– Ова е уште една потврда дека се увезуваат неквалитетни нафтени деривати, а не дека тие се „расипуваат“ на бензинските пумпи. И оваа количина на нафта беше наменета за косовскиот пазар. Доколку не се контролираше на граница, таа ќе беше дистрибуирана по бензиските пумпи. Потоа кога ќе беа земени мостри на дериватот од пумпите тие ќе беа казнети по најмалку 10 илјади евра за неквалитет без нивна вина, посочува Бајрами.

Тој отркива дека блокираната нафта во Албанија пристигнала од Шпанија. Но, според него не е познато дали низ Албанија минала само транзит или била депозитирана пред да тргне за Косово.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ