Косовската новинарка Џара крвнички претепана
Објавено во: Балкан 13 Мај, 2017
Косовската истражувачка новинарка Арбана Џара е крвинички претепана вечерва еден часот по полноќ на паркингот пред својата зграда во Приштина.
Неколку часови пред да се случи ваквиот акт, Арбана беше гостинка на албанската емисија "Октопод" - каде жестоко ги критикуваше политиките на Ердоган и Турција, насилниот отоманизам и исламизам што се врши во Косово по војната, а сега со Ердоган зема и поголем замав од насилните промотори на истиот.
Џара со нејзините стории успеа да разоткрие голем број на корупциски скандали.Таа рече дека наскоро се вклучува во политиката (во ПДК - Демократската Партија на Косово) и ќе ги преземе сите можни демократски мерки што и стојат на располагање за тоа Република Косово да нема никакви односи со Турција и да се бори против турските политики кои преку насилен исламизам на општеството се вметнуваат во целиот регион.
Таа сега е во стабилна состојба, а полицијата го истражува нападот кој наиде на силна осуда од страна на политичките фактори во Косово.