Косовски Срби уапсени за џихадистички напад во Марсеј
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2017
Маж и жена од Косово под сомнение дека се поврзани со двајца џихадисти се уапсени во Марсеј, Франција.
Како што тврдат локалните медиуми, истрага е покрената наводно против косовски Срби, јави српски Курир.
Тие се доведуваат во врска со двете лица уапсени на 23 април и може да располагаат со информации кои ќе бидат корисни за истрагата. Повеќе детали за тоа дали се директно вмешани со џихадистите не соопштија француските полициски власти.