Добивај вести на Viber
Косовските Албанци полека но сигурно го окупираат Ниш бидејќи индиректно станаа сопственици на околу 300 станови во тој град, пишуваат Новости.
По големиот број барања за места на живеење, кои ги поднесоа до нишката полиција во текот на 2010, последните години гледаат станови во градот.
Новости пишуваат дека Албанците од Косово до сега индиректно станале сопственици на околу 300 станови во Ниш, а во овој бизнис како што наведе весникот, на големо им помагаат Срби, привремено расселени од Косово, кои сега живеат во градот на Нишава.