24 Јануари, 2018
0.4205
    ALK 7791.42    1.09%     FERS 56000    0%     GRNT 830    0%     KMB 3094.21    0.45%     MPOL 255    -9.65%     MPT 28001.2    -2.96%     MTUR 4282    2.98%     OKTA 3420    6.88%     PPIV 37500    0%     RMDEN16 94.5    0%     SBT 2100.85    1%     STIL 150    0.14%     TNB 13299.93    0.54%     TTK 998.57    2.55%     ZILU 212    6%     ZPKO 2706.43    0.24%

КОСТОВСКИ: Со Законот за употреба на јазиците се фаворизира албанската заедница

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2018

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера донесе неуставен закон за двојазичност со кој се деградира употребата на македонскиот јазик. 

Според него, македонскиот се сведува на ниво на еден од јазиците кои се говорат во Република Македонија. 

„Овој закон е во спротивност со Амандман 5 од Уставот на Република Македонија. Со овој јазик се врши фаворизирање на само една етничка заедница – албанската, додека од друга страна сите други се маргинализираат“- смета Косовски. 

Вели дека можноста судските, управните, извршните, предистражните, истражните, кривичните, прекршочните, парничните, вонпарничните, за извршување санкции и другите постапки да се водат на еден од двата јазици ја релативизира официјалноста на македонскиот јазик.

„Дополнително невозможно е закон кој се носи со апсолутно мнозинство да се усогласува одредби во закони кои се носат со двотретинско мнозинство. Двојазичност на униформите на полицијата, здравствените работници и пожарникарите ја надминува уставната рамка. Според Уставот, двојазичноста може да важи за локални институции, а не во државните институции, како што тоа се прави со овој закон. Законот за двојазичност го надминува и Рамковниот договор во точка 6 од истиот, во делот на образование и употреба на јазиците“- вели Костовски.

Објаснува дека доколку СДСМ сакале да прошират одредени  јазични права тоа можеле да го направат со измена и дополнување на веќе постоечкиот Закон за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа.

Можеби ќе ве интересира

Груевски, Јанакиески и Трајковски едногласни: Не се чувствуваме виновни

Груевски, Јанакиески и Трајковски едногласни: Не се чувствуваме виновни

Пендаровски: Во Давос политичарите ги слушаат крупните играчи за да знаат што да прават за своите народи

Пендаровски: Во Давос политичарите ги слушаат крупните играчи за да знаат што да прават за своите народи

Груевски на суд за предметот „ТНТ“: „Космос“ срушен за политичка одмазда

Груевски на суд за предметот „ТНТ“: „Космос“ срушен за политичка одмазда

Интервју отец Царкњас: Ќе имаме проблеми ако Македонија направи големи отстапки

Интервју отец Царкњас: Ќе имаме проблеми ако Македонија направи големи отстапки

По 15 години Македонија повторно во Давос, Заев го чека и Ципрас

По 15 години Македонија повторно во Давос, Заев го чека и Ципрас

Со субвенции до подобри наставници во основно

Со субвенции до подобри наставници во основно

Османи: Обвинителот Јовевски не е добар за Албанците

Османи: Обвинителот Јовевски не е добар за Албанците

Досие: Клинички по месеци на препукувања тргна кон изградба

Досие: Клинички по месеци на препукувања тргна кон изградба

Чешка ја порази Македонија, изгубивме шанса за пласман во полуфинале

Чешка ја порази Македонија, изгубивме шанса за пласман во полуфинале