25 Април, 2024
0.0446

Ковачев: Писмото од Македонската архиепископија е револуционерно

Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Во Бугарија веќе се истакнуваат првите позитивни мислења за испратеното писмо од МПЦ- Охридска Архиепископија до Бугарската православна црква за прифаќање на автокефалното и застапување пред останаиот православен свет. Андреј Ковачев, бугарскиот европратеник од партијата ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, коментирајќи позитивно го оцени барањето на МПЦ-ОА за евхаристинско единство со БПЦ.

- Ова е исклучително позитивно и би рекол дека писмото од Македонската архиепископија е револуционерно. Во овој исклучително поволен момент меѓу двете земји тоа е многу добар сигнал. Се надевам дека нашиот Синод позитивно ќе одговори и ќе им подаде рака на нашите собраќа, вели Ковачев во изјава за весникот „Монитор“.

Прашан дали евентуалната позитивна одлука на БПЦ би можела да ги наруши односите на Софија со други земји, Ковачев наведува дека Бугарија не мора секогаш да биде иста со другите и оти треба да го следи сопствениот интерес.

- Сепак, станува збор за наши собраќа. Не гледам зошто некој треба да се чувствува засегнат од оваа ситуација. Писмото е одличен знак и уникатна можност во актуелниот поволен политички амбиент да ја прифатиме подадената рака од Македонија. Се разбира, го изразувам моето лично мислење, а решението сепак останува на Синодот на БПЦ, изјави Ковачев.

Синодот на МПЦ-ОА на 9 овој месец испрати писмо до БПЦ во кое се бара да воспостави „евхаристиско единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“.

- Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви, стои во писмото од МПЦ-ОА.

За писмото и барањата на МПЦ-ОА засега нема никакви реакции од Синодот на БПЦ ниту од бугарскиот патријарх Неофит иако повеќе верски експерти и теолози веќе ја дадоа својата поддршка. 

Писмото кое МПЦ-ОА го испрати се чини во Македонија добива повеќе негативни коментари и реакција бидејќи се смета за уште еден голем компромис и ставање во подредена положба. МПЦ-ОА е една од ретките непризнати православни цркви поради проблемот кој го има со СПЦ. 


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)