КРАДЕЛ ПОДАТОЦИ ОД БАНКОМATИ: Успеал да подигне илјадници евра
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2017
Бугарски државјанин e уапсен во Хрватска поради крадење на лични податоци од банкомати.
Измамникот на возраст од 34 години минатиот месец поставил уреди со кои ги крадел податоците од картичките употребени на два банкомати во Загреб. Потоа, користејќи ги добиените податоци, успеал да подигне неколку илјади евра вршејќи незаконски трансакции преку Индонезија. Бугаринот е уапсен во средата, на границата меѓу Хрватска и Србија.