КРАЛИЦАТА ГО ПОДДРЖА БРЕГЗИТ: Елизабета даде зелено светло за излез на Британија од ЕУ!
Објавено во: Свет 16 Март, 2017
Британската кралица Елизабета даде кралска согласност за почеток на процесот за истапување на Британија од ЕУ, со што е отворен пат премиерката Тереза Меј да започне службена постапка.
Кралицата ја потпишала Повелбата откако таа е одобрена во Долниот дом и Домот на Лордовите во понеделникот.
Премиерката сега може да одлучи кога ќе биде активиран Член 50 од Лисабонскиот договор со што ќе се покренат двегодишни процеси за излез на Британија од ЕУ.
Меј претходно најави дека тоа ќе се слули кон крајот на март како би се избеглано поклопување со неформалниот состанок на земјите на ЕУ кој се одржува наредната недела.