КРЕДИТЕН РЕЈТИНГ: Каде е Македонија?
Објавено во: Економија 28 Јули, 2017
Рејтинг агенцијата Dun & Bradstreet денеска објави дека во групата на земји со умерен ризик за бизнис, стабилен рејтинг и со подобрена кредитна клима спаѓаат: Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Албанија и Романија.
Подобра од овие земји е Словенија која е опишана како земја со благ ризик.
Понизок рејтинг од наведените земји има БиХ каде има висок ризик.
Рејтингот покажува дали има ризик за бизнис, како се одвиваат плаќањата кон странство и дали се исплати да се инвестира.
За Србија се оценува дека премиерката, Ана Брнабиќ ќе биде од полза за земјата затоа што не е партиско лице и има искуство.
Инаку оваа рејтинг агенција е најстара во светот и најдобра, а основана е пред 175 години.