23 Април, 2024
0.0304

КРЕДИТИ: Банките пливаат во пари – ама тешко ги даваат !

Објавено во: Финансии 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Ликвидноста на банките во земјава е на високо ниво, пари има – но тие тешко се вбризгуваат во приватниот сектор, односно на компаниите – оценуваат дел од економистите откако Народната банка објави дека старото на 2017 година е во знак на вкупнен пад на кредитирањето.

“Ако ги погледнеме податоците ќе видиме дека банките буквално се “дават“ во ликвидност, имаа многу пари, но прашање е ако има толку голема ликвидност, и дополнително “цената“ на тие пари е многу ниска, зошто немаме позначаен раст на кредитирањето. Тука во прашање се две работи – едната отсуство од издржани инвестициски проекти на  домашните компании и второ присутните ризици, поради што банкарите тешко се осмелуваат да го финансираат корпоративниот сектор кој праќа сигнали дека се бори со неликвидност“ – вели академик  Абдулменаф Бџети. 

Според податоците од НБМ, заклучно со јануари, вкупната кредитна изложенст изнесува 4 милијарди и 520 милиони евра  и во однос на декември, 2016 година е регистриран пад за околу 72 милиони евра. Овој тренд е регистриран и во новиот февруарски извештај на Народната банка.

“Во однос на кредитната активност, првичните податоци заклучно со јануари покажуваат пад од 1,6% на месечна основа, што доаѓа по значителното зголемување во претходниот месец (од 2,9%). Намалувањето на вкупните кредити, слично како во претходните две години во првиот месец, во целост произлегува од пониското ниво на кредити на претпријатијата, при умерен раст на кредитирањето на населението“ – велат од НБМ.

Анализата покажаува дека намалување има и кај денарските и кај девизните кредити. Заклучно со првиот месец од годинава граѓаните во банките должеле 2,1 милијарда евра додека кредтната изложеност кон корпоративниот сектор изнесува 2,3 милијарди евра.

На стартот на 2017 година, НБМ регистрираше и пад на депозитите.

“Првичните декадни податоци за јануари 2017 година покажуваат месечен пад на вкупните депозити од 0,7%, наспроти месечниот забрзан раст во последниот квартал на 2016 година. Оваа динамика на движење на вкупните депозити, е вообичаена за почетокот на годината кога се забележува забавување на депозитниот раст или негово намалување“ – посочуваат од Народната банка од каде објаснуваат дека падот на вкупните депозити во јануари во целост произлегува од пониските депозити на претпријатијата, додека депозитите на домаќинствата оствариле умерен раст, којшто во континуитет продолжува од јуни 2016 година наваму.

Д.Д

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА