20 Април, 2024
0.0283

Кристина Ампева: Не си играјте со гладен народ!

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

 Две недели  текстилните работници од конфекцијата Веибо во Крива Паланка се на улица. Очекуваат да им бидат исплатени трите заостанати плати и придонеси. Но позитивен сигнал нема. Нема ниту работа. Велат, извршителите им тропаат на врата, заглавени се во кредити и долгови. Кристина Ампева од “Гласен текстилец”  секој ден е заедно со нив,  во знак на солидарност и поддршка. Деновиве како што вели  консултирале адвокат,  по судски пат да ја истераат правдата. Но Ампева вели дека за да се започне постапка требаат пари, а работниците ги немаат. Ако не успеат преку правниот систем, ќе ја активираат уличната правда со радикални мерки и блокади на улиците.

“Денеска е 14 ден како работниците се на улица, барајќи си ги нивните заработени плати и придонеси. Трудовиот инспектор месеци наназад ја знае состојбата. Тврдат дека направиле се што е во нивнa ингеренциja, односно пишувале казни.Но реално, ефекти нема. Очекувам дека наскоро УЈП  ќе се огласи,  бидејќи со едно притискање на нивните тастатури ќе видат дека Веибо нема исплатени три плати и придонеси. Тие се можеби единствени што можат во моментот да ни дадат време за да реагираме соодветно, без брзање, во интерес на работниците. Власта  ја префрла  вината на поранешната власт и тогашните договори кога се отворила фабриката. А искрено на работниците не им е грижа што и како се случувало. Тие само си ги сакаат нивните плати”- вели Ампева.

Во меѓувреме работниците размислуваат и за блокади на улиците и магистралниот пат кон Бигарија. Велат дека немаат друг излез туку на улица, со блокади да ја алармираат јавноста.

“Ако е тоа нивна одлука, јас ќе ги поддржам. Во Крива Паланка минатата година ни се случи истото со италијанска инвестиција, Кадоро Ото која исто не исплати плати на стотина  работници. Случајот е се уште во суд, со првична победа на работничките. Годинава се случи и Веибо за кој лично алармирам веќе година и пол кога им ги прекинаа договорите на неколку бремени работнички. Секој месец кружеше список со имиња на работници на кои нема да им е продолжен договорот, ги држеа во неизвесност, страв да не смеат да го дигнат гласот. Тоа го дозволува нашиот Закон за работни односи кој е направен во корист на ваквите инвеститори и македонски работодавачи, но не и во корист на работникот. Што значи, случајот Веибо се знаеше дека вака ќе заврши кога и да е, но доцна е за обвинувања. Мора да се превземат институционални мерки”- објаснува претседателката на невладината “Гласен текстилец”.

Дополнителен проблем е што во малите градови нема избор на работни места. А тие кои се нудат бараат евтина работна сила, налик на текстилно ропство. Иако долго најавуваната минимална плата почна да се применува на хартија, во пракса искуството покажува дека мал дел од работниците, особено во текстилната и кожарската индустрија ја искористиле.

“Малку чевларски индустри останаа во градот. Знам за домашен бизнисмен кој ќе отвори фабрика во Ранковце, но по мои сознанија, ќе има само 50 работни места. Многу луѓе останаа на улица, без работа по странските инвеститори во градот кои еве ги затвораат фабриките. Со многу правници , адвокати, независни синдикати сум во комуникација за тоа што е најдобро да се направи во овој случај. Постапките се скапи, но неколку адвокати пристапуваат во помош барајќи минимални сретства за судски такси и вештачења, но и тоа е многу за овие луѓе кои сега се борат и се на раб на егзистенција. Размислуваме и за стечајна постапка, но на крајот работниците се тие кои ќе го кажат последниот збор. Што и да одлучат, стоиме зад нив. Важно е да им се исплатат платите”- нагласува Ампева.

Состојбата во текстилната и чевларската индустрија според неа  е иста со децении. Се менуваат газдите, но не и навиките. Не се почитува трудот на работникот.

“Работодавачите се жалат за покачување на минимална плата, добија субвенции, потоа бараа замрзнување на придонесите.  Tоа  нема да го дозволиме. Синдикатот мудро молчи, па ние во улога на синдикат, јавно укажуваме на нерегуларности и закони донесени на штета на работници. Меѓутоа тие заедно со работодавачите ги потпишуваат тие закони и колективни договори, повикувајќи се на својата репрезентативност. Конкретни мерки имаме, но кој не слуша нас? Минатиот период имавме соопштенија за дискриминација на жените кои користеле породилно отсуство и не им е исплатено К15. Никој не се почувствува прозван да одговори, ниту од надлежните, ниту од оние кои се потпишале на колективните договори. Потребни се итни  измени на Законот за работни односи, требаат измени во колективните  договори, треба работниците да бидат заштитени од вакви квази инвеститори кои како потрошна роба  ќе ги исфрлат работниците од фабриките, без притоа да ги подмират долговите кои ги имаат. Не може еден работник да биде на договор од 1 месец со години, (според нашиот закон , 5 години)и со тоа да биде на некој начин, дисциплиниран. Не може да се отвараат 5 фирми во склоп на една конфекција и да ги одјавуваат и пријавуваат работниците и да земаат субвенции од државата. Ги знаат сите дупки во законите, а богами некој им го дозволува тоа. Не може работодавачите да бараат назад од работник кој земал 12.000 плата , да му врати назад три  или пет илјади денари и да помине неказнето. Таков страв кој е наметнат кај работниците, не е нормален , се работи за луѓе, не за машини”- вели Ампева.

Во Крива Паланка граѓаните раскажуваат дека се случува масовен егзодус на младите. Во конфекциите работат повозрасни жени кои не исполнуваат некој од условите до пензионирање или сиромашни и ранливи категории кои неможат да си дозволат да бараат подобри услови и работа. Градот како што велат полека но сигурно станува град на старци.

“Младите не сакале да работат во конфекции. Па зошто би? Си одат надвор од државата барајќи чаре, кога се чуствуваат понижени и обезвреднети. Со плата дури и од 12.000 денари  не се прехранува едно семејство. Сега во Веибо имаше мажи и нивни сопруги кои таа плата им била егзистенција, каква и да е. Банките и ЕВН не прашуваат дали земале или не плата, туку исклучуваат струја, блокираат сметки. Болно како сите закони важат за обичниот човек и работник, а некој газда може да помине неказнето со  неиплатени плати и придонеси на 200 луѓе. Таа неправда боли. Кога гледаш дека системот функционира само за богатите, се разочаруваш и гледаш дека твојата земја не те сака. Тоа се случува сега со овие работници. Додека властите велат, не може да се мешаме, тоа е приватна компанија, немаме ингеренции, секој ќе си го дозволува ова елементарно прекршување на човекови и работнички права. А работникот, како и секогаш, обесправен”- потенцира Ампева.

Работниците и денеска планираат блокади на улиците по неколку часа. Колони од возила деновиве имаше до селото Мождивњак. Апелираат надлежните сериозно да се позанимаваат со нивниот проблем кој од економски преминува во социјален колапс. 

Можеби ќе ве интересира

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ