29 Март, 2024
0.0289

Кривична пријава за Костовски од СДСМ за насилство

Објавено во: Македонија 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

СВР-Куманово денеска излезе со соопштение во врска со настанот во кој е инволвиран претседателот на општинската организација на СДСМ – Куманово, а кој се случи пред три дена во 19:40 часот по завршување на протестниот марш „За заедничка Македонија“ на улицата „Илинденска“.

Во соопштението од СВР се наведува дека при заминување на трактористите кои учествувале на маршот, биле пресретнати од 34-годишниот Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, кој, како што стои во соопштението, му се нафрлил на првиот трактор и удирајќи по тракторот управуван од 56-годишниот Р.Ц. од село Пчиња, му упатил навредливи зборови.

Потоа, Костовски се упатил и кон вториот трактор, управуван од 23-годишниот Н.М. од Пчиња и, како што стои во соопштението, без никаков повод и причина го навредувал, го повлекол од тракторот и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници по телото, нанесувајќи му телесни повреди – контузија на ‘рбетот.

Костовски бил приведен и по извршено алкотестирање биле утврдени 1,47 промил алкохол во крвта.

По целосно документирање и расчистување на настанот, велат од полицијата, до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено дело насилство.

Костовски завчера негираше дека нападнал учесници на маршот.

– Ниту сум имал физички контакт ниту некој бил удрен и повреден, а не може да постои физички напад, ако нема физички контакт. Одговорно тврдам дека имаше само вербална расправа помеѓу мене и протестантите – изјави Костовски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење