28 Март, 2024
0.0269

Кривична пријава за скопјанецот кој постави импровизирана експлозивна направа во Собранието

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Полицијата поднесе кривична пријава против  лицето Ј.Л. (41) од Скопје за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за предизвикување општа опасност“. 

Од полицијата информираат дека тој на 27 април околу 19 часот заедно со толпата влегол во Собрание на Република Македонија. Околу 20.40 часот заедно со околу 20 лица се качил на првиот кат од Собранието, по што сам влегол во две канцеларии кои се меѓусебно поврзани. Притоа под работно биро поставил импровизирана експлозивна направа која се состои од петарда и боца со компримиран бутан гас залетени со селотејп трака, како и уште едно парче петарда и си заминал. 

„На 2 мај вработените во канцелариите пристигнале на работните места и почнале да го средуваат нередот во истите. Во еден момент едниот вработен ги забележал петардата и импровизираната експлозивна направа на подот, по што мислејки дека е факел, заедно со неговиот колега ги однеле и ги оставиле до кофите за смет во ходникот. Истиот ден околу 17 часот од страна на вработен како обезбедување во Собранието, при обиколка во објектот, била забележана импровизираната експлозивна направа, по што истиот телефонски пријавил во СВР Скопје“- велат од МВР. 

СВР Скопје  до Основното јавно обвинителство Скопје достави и две Известувања од кои едното се однесува за превземени мерки и активности во врска со Наредба за утврдење на целосни лични податоци за вкупно седум лица - пратеници во Собранието на Република Македонија, а другото известување се однесува за досегашни преземени мерки и дејствија. 

Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“

ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“