Добивај вести на Viber
Кризата во Европа им наметнува фискална дисциплина и на милијардерите.
Томас Шрауман, кој до минатата година го поседуваше „Aston Martin DB5“, користен во филмот за Џејмс Бонд, мнозински удел во производителот на луксузни часовници „H. Moser & Cie“ и хотел во едно познато алпско одморалиште, беше принуден да се откаже од дел од своите омилени работи.
Во ноември 49-годишниот Швајцарец го намали уделот во производителот на забни импланти „Straumann Holding AG“, основан од неговиот дедо, откако акциите на компанијата паднаа за една третина за околу шест месеци, со што изгубија околу 931 милиони долари од пазарната нејзината вредност. Шрауман исто така објави дек продава два од своите хотели, како и уделот во „H. Moser & Cie“.
Сега и неговиот „Aston Martin“ веќе се продава, по цена од 4.6 милиони долари, па се додека цената на акциите на неговата компанија не тргне нагоре, тој веќе не е милијардер.
Шрауман, кој е инженер по професија , поседуваше и салони за пушење на пури во хотелите во Гшаад и Базел. Неговата состојба на сметката се намали за околу 1.18 милијарди долари пред две години до 708 милиони долари, според податоците на „Bloomberg“.
Шрауман сега поседува 17% од седиштето во Базел на компанијата за забни импланти, која го носи неговото име, откако продаде 10% од акциите на „Government of Singapore Investment Corp“ во ноември.