Кризата зема жртви, 3100 Грци се самоубиле последниве 4 години
Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2012
Расте бројот на самоубиства во Грција од почетокот на кризата, повеќе од 3.100 Грци се самоубиле во годините од економската криза. Според полициските податоци според, во 2009 година се самоубиле 677 лица, во 2010 830, 927 во 2011, а годинава само до август самоубиство извршиле 690 лица.
Иако не е потврдено дека сите самоубиства се направени поради економски проблеми, симптоматично е тоа што нивниот број нагло расте последните 4 години. Во полициските податоци сепак не се изнесуваат детали за овие самоубиства, како што се околностите во кои се извршени или возраста на починатите, јавија грчките медиуми. Од друга страна, според Еуростат во 2009 година Грција имала најниска стапка на самоубиства во Европската унија. На секои 100 илјади Грци пред три години имало три самоубиства, во споредба со просекот на ЕУ кој изнесувал 10,4. Бројките од полициските извештаи кои ги изнесе пред парламентот министерот за јавен ред Никос Дендиас, се поголеми од податоците објавени од неговиот претходник, Христос Папуцис на почетокот од оваа година, јавува весникот Катимерини. Според Папуцис, во 2009 имало 507 самоубиства, во 2010 бројката е 622, а 590 самоубиства биле регистрирани лани.