Добивај вести на Viber
Хрватскиот национален авиопревозник „Кроација ерлајнс” ја заврши 2012 година со загуба од повеќе од 475,1 милиони куни (околу 62,5 милиони евра), соопштија од компанијата. Менаџерите на хрватскиот авиопревозник најавија отпуштање на 20% од вработените, како дел од програмата за реконструкција на компанијата.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, иако менаџментот на средбата со вработените, оваа мерка ја најави како неопходна за спас на авиопревозникот, работниците не се согласуваат со проценката дека околу 20% од вработените мора да ја напуштат компанијата.
„Не бегаме од фактот дека бројот на вработени треба да биде помал, но 20% е премногу, бидејќи не постои можност тие да бидат заменети, изјави претседателот на Самостојниот синдикат на вработените во авионската индустрија, Томислав Рајковиќ