19 Април, 2024
0.0306

ФАКТОР Сторија

Крпен живот: Ромите под Кале заборавени од државата!

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Триесетина ромски семејства скоро два месеци живеат под отворено небо без елементарни услови за живот,  на ледината под Скопско Кале, откако град Скопје ги сруши нивните бараки. Но тие не се откажаа од намерата да останат на овој простор во кој живееле скоро десет години. Во импровизираните  живеалишта покриени со картони и најлони ќе останат на овој простор покрај Вардар се додека надлежните не најдат соодветно решение за нивниот проблем. Велат бараат само пристојно место за живеење, за работа и за одржување на домаќинството ќе се снаоѓаат сами.

“Не бараме ништо плус, само да имаме кров над глава. Ни рекоа во Чичино Село ќе не носат, ама ние таму не сакаме. Ги тепале луѓето, ги напаѓале жените и децата. Кој ќе ни гарантира сигурност? Не мрдаме од тука. Ние сме за никаде, ни на небо ни на земја. Никој не  погледнал како живееме. Собираме  пластични шишиња,  една голема вреќа за 220 денари,  ако може корка леб да извадиме за децата. Ние постарите легнуваме и гладни. Некои одат по контејнери да бараат храна. Срамота е ова што се прави” –вели Асан Реџеп.

Се жали дека државата им го зела и тоа малку што го имале, па сега стравуваат како ќе ја поминат зимата. Револтирани се и од политичарите бидејќи ќе се сетат за нив пред избори,а потоа ги забораваат.

“Кој гледа туѓа мака. Доаѓаат, се сликаат, ветуваат и после ништо.Тие си седат во фотеља, а ние на земја. Немаме мир да живееме како луѓе. Ама ние повторно ќе изградиме колиби, какви такви за зимата да ја поминеме. Од овде не мрдаме. И сега е ладно, а во зима којзнае што ќе правиме. Децава се сите болни. Немаме лекови, на лекар не ги примаат. Катастрофа, многу сме лути”- додава Асан.

Помеѓу десетиците семејства има шеесетина деца и неколку бебиња. Младите мајки стравуваат за нивното здравје. Малиот Енис има само дваесет дена. Неговата мајка се породила со царски рез  и  вели и  треба посебна нега, но нема услови за нејзина и за заштита на бебето. Оставиле се на времето и  на господ.

“Ги бањаме децата во Вардар. Цели се рани. Имаат вошки. Бараат храна, ама ќе им дадеш ако имаш. Неможам да купам лекови, немаме пари. И меѓу другите деца има болни,  нема кој да им помогне. Незнам дали некој од службите гледа што се случува, во центар на Скопје сме. Срамота. Децата по цел ден се покрај Вардар, има кожни болести,  не одат во школо. А, што да прават друго кога се со празен стомак”- вели една од мајките.

Љатифе Шиковска од невладината “Амбрела”  вели дека проблемот со Ромите под Кале мора да се реши. Апелира до институциите да им помогнат на граѓаните кои останаа без своите живеалишта.

“Нашата држава треба да се грижи и да сноси одговорност за сите граѓани,  па и за Ромите. И ние плаќаме даноци и придонеси во државниот буџет, затоа треба да знаеме  каде се трошат парите и за кои намени. Системски решенија се потребни  под итно, затоа што навистина животот на Ромите е се потежок, живеат на работ на егзистенција и во голема сиромаштија, но кому му е гајле. Политичките партии да сватат и разберат дека Ромите во РМ се реалност, да престанат да ги злоупотребуваат за време на избори,  да ветуваат се и сешто за да потоа целосно ги заборават како што тоа го прават години наназад. Ромите заслужуваат подобар живот еднаков третман и однос, да ги уживаат правата и бенифитот како и другите”-  потенцира Шиковска.

Според неа за оваа ранлива категорија на граѓание  е потребно  разбирање и поддршка од сите релевантни фактори во земјава кои како што вели не треба да заборават дека  Ромите се едни од најлојалните граѓани кои не треба постојано да се дискриминираат.

На локацијата каде се наоѓаа ромските бараки треба да се гради хотелски комплекс. Предвидени се пет хотели, катна гаража и спортски центар. Во 2011 година државата ја продаде последната парцела во овој дел.Сите објекти треба да добијат фасадно обликување во стил на барок, неокласицизам или неоромантизам, по барање на Владата.

Од Град Скопје досега  се прогласија за ненадлежни. На ромските семејства  им беше понудено да се сместат во прифатилиштето во Чичино Село, но тие не сакаат да се вратат таму бидејќи претходно имале лошо искуство. Истото решение им го понудиле  и во Центарот за социјална работа на МТСП. По рушењето на малата ромска заедница реагираше и Народниот правобранител кој апелираше  до сите надлежни органи особено ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика неодложно да преземат мерки за сместување на семејствата кои останале под ведро небо и без никаква заштита.

Ромите велат не ги интересира барокот, ниту луксузот околу нив,  бараат само кров над глава и основни услови за живот,  за нов достоинствен почеток за нив и за нивните деца.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите