Кубан: Вештачката интелигенција ќе ги создаде првите трилионери
Објавено во: Економија 15 Март, 2017
Бизнисменот Марк Кубан ја истакна својата визија според која развојот на вештачка интелигенција ќе придонесе во создавање на првите трилионери во светот кои ќе имаат непроценливо богатство.
„Инвеститорите кои ќе вложат во вештачката интелигенција и ќе најдат различни начини за нејзина примена кои се уште не сме ни ги замислиле“ изјави Кубан за време на SXSW конференцијата во Остин, Тексас.
Покрај создавањето на една сосема нова индустрија со неверојатно брзи компјутери и мобилни уреди, Кубан предупредува дека работниците мора да ги зголемат своите вештини и специјалности со цел да останат конкурентни на пазарот на трудот и да не ги губат работните места како резултат на примена на машините и роботите.